Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на општина Струмица каде присуствува на Свечената седница на Општината по повод “Денот на Заштитниците на Струмица”.
При средбата со градоначалникот тој истакна дека ЈП за државни патишта веќе го заврши проектот за една траса за експресниот пат кој поврзува Коридор 10 и Коридор Струмица во Бугарија, односно делот од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија.
Министерот исто така истакна дека 14 инфраструктурни проекти се предвидени за општина Струмица со поддршка на Владата, а најави и нови проекти за општината:
“Би сакал да го честитам овој голем празник “Денот на градот Струмица”, да посакам многу здравје, среќа, бериќет, успех. Би сакал да спомнам дека по завршување на локалните избори во интензивна соработка сме со градоначалникот и новата општинска администрација, веќе бројни работи се придвижуваат. Најголемата и она што го ветивме е поврзување на Коридор 10 со Коридор Струма во соседна Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој што оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. Проектот за едната траса ЈПДП веќе го заврши, а за втората траса е во напредна фаза и сериозно работиме на изнаоѓање на финансирање.
Тука се работи на две поголеми улици, има уште десет кој што се во постапка за избор на изведувач и уште два проекти кои што се преку Министерството за животна средина, така што 14 големи проекти за старт на оваа локална самоуправа што мислам дека е нешто што Струмица подолго време го нема и ќе продолжи поддршката на Владата, мојата лична поддршка и на Премиерот да работиме на нови проекти во периодот кој што следи. Ние со градоначалникот сме во комуникација. ќе имаме посериозен работен состанок и ќе утврдиме приоритети за периодот што доаѓа” – изјави вицепремиерот Александар Николоски.