Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции

„Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од Програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во радио „Лидер“.

„Во текот на годината, со ребаланс или со пренамена на средства, доколку има потреба, се обезбедуваат дополнителни средства во Програмата. За потсетување, во 2024 година ја наследивме Програмата со околу 100 милиони евра. Со ребалансот што го направи сегашната Влада беа обезбедени дополнителни средства и истата изнесуваше околу 117 милиони евра, а до крајот на годината Програмата беше дополнително зголемена со пренамена на средства и изнесуваше 137 милиони евра“, потсети министерот Трипуновски.

Тој посочи дека средствата биле пренаменети за исплата на заостанати обврски од претходни години, наследени од претходната власт.

„Програмата што е донесена за тековната година, доколку има потреба од дополнителни средства, сигурно ќе биде дополнета. Проекцијата од 100 милиони евра е речиси идентична во изминатите 10-тина години и претставува стандардна рамка“, додаде министерот.

Министерот Трипуновски нагласи дека се шират дезинформации и дека нема кратење или намалување на средствата за субвенции.

Мени за пристапност