Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишан е Меморандумот за разбирање помеѓу Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија

По повод потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, ја потврдуваме нашата заедничка определба за понатамошно зајакнување на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.

Овој Меморандум претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка во областа на јавната администрација, зајакнувањето на административните капацитети, транспарентноста и системот за цивилна заштита. Тој ја одразува нашата заедничка заложба за ефикасна, модерна и граѓански ориентирана јавна администрација како клучен предуслов за одржлив развој, добро управување и институционална отпорност.

Преку оваа соработка ќе се поттикне размена на искуства, добри практики и експертиза, особено во областите на реформите во јавната администрација, развојот на човечките ресурси, дигиталната трансформација, стратешкото планирање и унапредувањето на капацитетите на системот за цивилна заштита. Вклучувањето на надлежните оддели на Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република ќе овозможи практична и насочена соработка преку обуки, експертски размени, пилот-иницијативи и заеднички проекти.

За Република Северна Македонија, оваа соработка има особено значење во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија, бидејќи придонесува за усогласување со европските стандарди и зајакнување на институционалните капацитети неопходни за ефективно спроведување на реформите. За Италијанската Република, Меморандумот претставува конкретен придонес кон стабилноста, развојот и европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

Убедени сме дека овој Меморандум ќе претставува флексибилна и практична рамка за долгорочна соработка, заснована на меѓусебна доверба, реципроцитет и заеднички вредности. Со нетрпение очекуваме неговите одредби да се преточат во конкретни активности кои ќе донесат видливи резултати за институциите и, пред сѐ, за граѓаните.

Мени за пристапност