Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис жени

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис жени

Со цел активно вклучување на сите засегнати страни во унапредувањето на положбата на жената, зајакнување на општествената кохезија, правичната застапеност и меѓуетничката доверба, како и за економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување системска поддршка за развој и промоција на женското претприемништво, потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ и претседателката на Здружението на бизнис жени, г-ѓа Валентина Дисоска, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишувањето на меморандумот меѓу Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис жени се воспоставува рамка за соработка меѓу двете страни, преку утврдување на начелата, областите и активностите од заеднички интерес, со цел директен придонес кон спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот рамковен договор.
Преку меѓусебна соработка, страните ќе придонесат кон градење на односи на заемно почитување, соживот и социо-економско поврзување на заедниците, со посебен фокус на поврзување и зајакнување на жените од сите заедници. Воедно, оваа соработка ќе овозможи дополнително унапредување на правата на жените и нивната социо-економска положба во општеството.
Соработката ќе се реализира во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои: меѓуетничко вмрежување преку креирање „економски мостови“, зајакнување на пограничните региони, развој на бизнис соработка преку култура, како и поттикнување на јавниот дијалог.
Предвидено е соработката да се остварува врз основа на заемна комуникација и иницијативи, при што Министерството ќе има улога на институционален покровител на заедничките активности, а Здружението редовно ќе го информира за спроведените активности. Меморандумот за соработка стапува во сила на денот на неговото потпишување.

Мени за пристапност