Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиерот Мицкоски оствари телефонски разговор со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

Влада на Република Северна Македонија

Почитувани,

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој.

 

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.

 

Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните.

 

Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена. 

 

Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи.

Мени за пристапност