Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, воедно министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
Министерот Сали повторно ја потврди јасната и доследна посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција.
Тој нагласи дека интеграцијата во ЕУ и реформите поврзани со европската агенда остануваат клучен приоритет, со фокус на конкретни резултати, зајакнување на институционалните капацитети и зголемување на довербата на граѓаните во процесот на пристапување.
За време на средбата беше истакната важноста од континуирана соработка со институциите на ЕУ и одржување на позитивниот моментум на проширувањето преку ефективно спроведување на реформите.