Во просториите на Владата, денеска беа потпишани договорите со корисниците на мерката „Самовработување“ од Оперативниот план за 2025 година.
На јавниот повик аплицираа 6.045 граѓани, а 2.545 од нив се избрани да продолжат со реализација на своите бизнис-проекти. За мерката во 2025 година се обезбедени 25 милиони евра, што претставува двојно зголемување во однос на 2024 година.
Особено значајно е високото учество на млади лица до 29 години, кои се препознаени како двигатели на новата економска енергија. Во 2026 година, младите ќе добијат и дополнителни форми на поддршка за отворање сопствен бизнис и побрзо вклучување на пазарот на труд.
-На сите кои денес започнуваат нова бизнис-приказна им честитаме и им посакуваме успешна реализација. Новите претприемачи се важен дел од локалниот економски развој, креирањето нови работни места и позитивните промени што ја движат државата напред, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Министерството и Владата остануваат посветени на создавање стабилни услови за раст, одржливост и развој на секој нов бизнис. Поддршката е насочена кон младите претприемачи, лицата кои прават кариерен пресврт и здружените претприемачи кои покажуваат дека соработката носи најдобри резултати.