Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Првиот заменик претседател на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Н.Е. г-дин Брендан Вард, Амбасадор на Ирска акредитиран за Република Северна Македонија

Првиот заменик претседател на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Н.Е. г-дин Брендан Вард, Амбасадор на Ирска акредитиран за Република Северна Македонија
На средбата беа потврдени одличните и пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Ирска, како и заедничката определба за нивно понатамошно продлабочување.
Првиот заменик претседател на Владата Сали се заблагодари за принципиелната поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување и на европската перспектива на нашата држава. Тој ја нагласи силната посветеност на Владата на реформската агенда, особено во областите на владеење на правото, јавната администрација и зајакнување на демократските институции.
На средбата беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, вклучително и преку инструментите на Европската Унија, Твининг и TAIEX програмите, како и преку директни партнерства за јакнење на административните капацитети.
Министерството за европски прашања останува целосно посветено на натамошно зајакнување на партнерството со Ирска во поддршка на европската интеграција на Северна Македонија.

Мени за пристапност