Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите во правосудниот систем

Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите во правосудниот систем

Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси кои се од значење за унапредување на правосудниот систем.

За успешна реформа на правосудниот систем потребен е отворен и суштински дијалог со сите професии и институции при креирањето законски решенија кои треба да обезбедат поголема правна сигурност и ефикасна заштита на правата на граѓаните.

Соработката меѓу Министерството за правда и Адвокатската комора ќе продолжи и во иднина со цел создавање модерен, ефикасен и професионален правосуден систем, во согласност со европските стандарди.

Мени за пристапност