Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

 Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот за напредокот на Европската комисија за 2026 година, со посебен фокус на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена потребата од одржување на реформската динамика и забрзување на активностите за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашните заложби, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, гарантирање на независноста на судството и зголемување на ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена посветеноста за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Мени за пристапност