Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Шасивари – Костадиновски: Зајакнување на институционалниот дијалог за владеење на правото и евроинтеграцијата

Средба Шасивари – Костадиновски: Зајакнување на институционалниот дијалог за владеење на правото и евроинтеграцијата

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и судијата, Ана Павловска-Данева.

Средбата претставува важен чекор во натамошното унапредување на институционалниот дијалог и меѓу институционалната соработка, особено во областите од значење за зајакнување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и слободи и унапредувањето на правосудните реформи во согласност со европските стандарди.

Во разговорот беше нагласено значењето на Уставниот суд како највисока гаранција на уставноста и заштитата на основните права и слободи, и како суштински столб на владеењето на правото. Во тој контекст, посебно внимание беше посветено на доследното и навремено почитување и спроведување на одлуките на Уставниот суд, како обврска што произлегува од уставниот поредок, но и како предуслов за правната сигурност, довербата на граѓаните во институциите и ефективната заштита на нивните права.

Соговорниците ја истакнаа потребата од континуиран и отворен институционален дијалог, заснован врз почитување на уставните надлежности, независноста на институциите и заедничка одговорност за јакнење на правната држава.

На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на механизмите на координација и соработка во процесот на правосудните реформи и европската интеграција, со цел изградба на транспарентен, независен, ефикасен и одговорен правен систем во кој човековите права и слободи се во центарот на институционалното дејствување.

Министерството за правда и Уставниот суд остануваат посветени на конструктивен институционален дијалог и партнерски однос, во рамките на своите уставни и законски надлежности, во интерес на граѓаните и на европската иднина на државата.

Мени за пристапност