Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Вицепремиерот Арбен Фетаи се обрати по повод свечената церемонија за 9-годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Вицепремиерот Арбен Фетаи се обрати по повод свечената церемонија за 9-годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, им се обрати на присутните на свечената церемонија организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, по повод 9-годишнината од почетокот со работа на овој универзитет. Церемонијата се одржа во Албанскиот театар во Скопје и беше посетена од студенти, професори, академици, претставници на Владата и пријатели на универзитетот.
Во својот говор, Заменик-претседателот Фетаи истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ не е само образовна институција, туку „триумф на една идеја, остварување на историска аспирација и најскапоцено завет што им го оставаме на идните генерации“.
Фетаи со гордост зборуваше за конкретниот ангажман на Владата во поддршката на образованието, споменувајќи дека по долги години чекање се гради Средното училиште Гимназија „Сами Фрашери“ во Куманово, решавањето на правниот статус на Медресето „Иса Беу“ со гаранција за официјално признавање на дипломите за генерации ученици, зголемувањето на платите во образованието, како и споделување на унифицирана азбуката на албански јазик во сите училишта.
Тој додаде дека за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“е издвоен капитален буџет од 34,5 милиони евра, додека е зголемен и буџетот за Универзитетот во Тетово. Исто така, во наредните денови ќе биде потпишан Меморандум за разбирање со неговиот Кабинет за обезбедување практична работа на студентите и вклучување на академскиот кадар во владините проекти.
Фетаи го заврши говорот со пораката: „Таму каде што има силен универзитет, има слободно општество; таму каде што има знаење, има иднина.“
За време на церемонијата беше доделена и титулатапочесен доктор на науки(Doctor Honoris Causa) на академикот Алајдин Абази, како и првите Плакети на чест „Мајка Тереза“ во областите наука, образование и придонес во заедницата.
Свеченоста беше оценета од присутните како ден на празник и гордост за албанското образование во Северна Македонија.

Мени за пристапност