Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

Влада на Република Северна Македонија

Почитувани,

 

За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.

 

Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците.

 

Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени.

 

Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, се со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство.

 

Македонија се трансформира. Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците.

 

Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци.

 

Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија.

 

Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темели на промените.

 

Доаѓа времето на Македонија!

Мени за пристапност