Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа го одбележа Денот на планетата Земја со нови садници во чест на најмладите

Хоџа го одбележа Денот на планетата Земја со нови садници во чест на најмладите
По повод  Денот на планетата Земја, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска реализираше акции на засадување дрвја на две локации во Скопје - во Гинеколошко-акушерската болница во Чаир и во детската градинка Фидани.
 
Ново дрво беше засадено во чест на сите деца родени на 22 април, со симболична порака дека секој нов живот доаѓа на свет со право на чиста и здрава животна средина. Акцијата продолжи во градинката Фидани, каде заедно со најмладите беше засилена пораката дека еколошката свест треба да се гради од најмала возраст.
 
Министерот Хоџа на настаните истакна дека климатските промени и загадувањето не се прашања на иднината, туку предизвици со кои општеството се соочува денес.
 
Министерството континуирано работи на системски решенија - од транзицијата кон зелена енергија до мерки за квалитет на воздухот и управување со отпад.
 
Воедно, Хоџа апелираше до целата јавност – институциите, бизнис секторот и граѓаните активно да се вклучат, бидејќи трансформацијата кон одржливо општество бара мобилизација на сите нивоа.
„Немаме резервна планета. Ова е нашиот единствен дом", порача Хоџа.

Мени за пристапност