Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија

Заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија

Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

За време на средбата беше реафирмирана континуираната поддршка на Република Словенија за Република Северна Македонија во процесот на европска интеграција. Амбасадорот Прескер ја изрази целосната подготвеност на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на соработката и поддршката преку конкретни проекти.

Министерот Сали информираше за динамиката на реформите и ја истакна определбата на Владата за унапредување на евроинтегративната агенда, изразувајќи благодарност до Република Словенија за досегашната помош.

Мени за пристапност