Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменкот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски во работна посета на Државниот архив

Заменкот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски во работна посета  на Државниот архив

Државниот архив, како управна организација основана за вршење работи што се однесуваат на чување и заштита на архивскиот материјал со кој располага Република С. Македонија, средување и обработка на архивскиот материјал и вршење архивски истражувања, настојува да одржува редовна и плодна комуникација со Владата.

 

За таа цел денес во работна посета на Државниот архив беше заменик-претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски, кој оствари работна средба со директорот, д-р Наташа Котлар-Трајкова. Во разговорот, директорот го информираше вицепремиерот за тековните состојби во институцијата, за зацртаните цели на годишно ниво и нивната реализација.

 

На средбата стана збор и за решавање на предизвикот со обезбедување на наменски објект за институцијата кој би ги исполнувал архивските стандарди. Во рамките на посетата, вицепремиерот Димовски имаше можност да се сретне и со дел од архивските професионалци, да се запознае со работните услови и состојбите во делот на заштитата на архивскиот материјал-депото.

 

Раководството на Државниот архив во насока на афирмирање на потребите на Архивот и архивските работници ќе одржува партнерски однос и редовна комуникација со извршната власт.

Мени за пристапност