Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација

Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација

Министерството за дигитална трансформација, со поддршка на Европската Унија, ја започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација.

 

Во рамките на деветмесечната програма, повеќе од 160 административни службеници ќе ги унапредуваат своите дигитални знаења и вештини во областите на програмирањето, мрежите и безбедноста, развојот на софтвер, тестирањето, употребливоста и современите дигитални процеси.

 

На денешниот официјален почеток на Академијата, пред присутните се обрати министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој истакна дека целта не е само обука на административните службеници, туку и создавање кадар што ќе ја предводи дигиталната трансформација во своите институции.

 

„Овие службеници треба да станат амбасадори на националните ИКТ-проекти во своите институции – од uslugi.gov.mk и интероперабилноста, до еДМС, Централниот регистар на население, системите и клучните регистри што ја градат дигиталната држава. Тие треба да бидат луѓето кои ќе ги разбираат системите, ќе ги користат подобро, ќе помагаат во нивното унапредување и ќе ја пренесуваат дигиталната култура во институциите“, нагласи Андоновски.

 

Министерот посочи дека новите дигитални решенија можат да го дадат својот целосен ефект само доколку администрацијата располага со потребното знаење и капацитет за нивна правилна примена и понатамошен развој.

 

„Дигиталната трансформација не се случува само со нови системи. Таа се случува со луѓе кои знаат како тие системи да ги користат, развиваат и подобруваат. Продолжуваме да инвестираме во знаење, капацитет и модерна јавна администрација“, порача Андоновски.

 

Академијата ќе придонесе за градење посилни дигитални капацитети во институциите, подобро користење на националните информациски системи и создавање поефикасна, модерна и функционална јавна администрација

Мени за пристапност