Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Избор на директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Институција која огласува: Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 08/07/2025

Врз основа на член 19 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/04, 49/04 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16,  106/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/21 и 124/25), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.62/2025

за избор на директор на Дирекцијата за заштита и спасување

 

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе избере директор на Дирекцијата за заштита и спасување, за време од четири години
  2. Задиректор на Дирекцијата за заштита и спасување може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    4. Да има најмалку пет години работно искуство;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода,
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
      • сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија - англиски, француски или германски на најмалку ниво Б2 (B2).
  3. За директор на Дирекцијата за заштита и спасување, може да биде избрано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

    Пријава за оглас,

    Структура за дополнителни документи

  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    6. Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    8. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
    9. Меѓународно признат сертификат или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода,
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
      • Сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија англиски, француски или германски на најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на директор на Дирекцијата за заштита и спасување“.
  6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
  8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25 и 111/25).
  9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Пропратни документи: 
Пријава за оглас
Структура на дополнителни документи

Мени за пристапност