Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 13/03/2026
Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр.05/2026 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие Колекторски систем, известува дека на ден 13 март 2026 година (петок) со почеток во 13.00 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Стара сала за седници, ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.