Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 16/02/2026
Врз основа на член 11 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/19), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 07/2026
за именување на директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
и руралниот развој
1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со мандат од четири години.
2. За директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија,
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
4) Да има најмалку пет години работно искуство,
5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
3. За директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас,
2) Кратка биографија,
3) Мотивациско писмо,
4) План и програма за идна работа,
5) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
7) Диплома или уверение за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
8) Доказ дека има најмалку пет години работно искуство,
9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.