Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен oглас Бр. 08/2026 за именување на директор на Државниот инспекторат за транспорт

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 26/02/2026

Врз основа на член 87-б од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/04,127/06, 114/09, 83/10,140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13, 163/13,187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15,129/15,193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18, 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 ,67/22, 170/24,3/25, 17/25 и 101/25) и член 18 став (3) и став (4) и член 20 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.135/25), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.08/2026

за именување на директор на Државниот инспекторат за транспорт

 

1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот инспекторат за транспорт, орган во состав на Министерството за транспорт, кој функцијата ќе ја извршува професионално, со мандат од четири години, со право на уште еден последователен избор.

2. За директор на Државниот инспекторат за транспорт може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

1) Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки,

4) Да има најмалку шест години работно искуство од областа на сообраќајот или правните науки,

5) Да поседува уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански јазик) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга,

ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода.

6) Да има положено психолошки тест и тест за интегритет и

7) Да поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми.

 

3. За директор на Државниот инспекторат за транспорт, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx

 

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1) Пријава по оглас,

2) Кратка биографија,

3) Мотивациско писмо,

4) План и програма за идна работа,

5) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,

6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

7) Диплома или уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки,

8) Доказ дека има најмалку шест години работно искуство од областа на сообраќајот или правните науки,

9) Уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански јазик) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга,

- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода.

10) Доказ дека има положено психолошки тест и тест за интегритет и

11) Потврда за активно познавање на компјутерски програми.

 

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за транспорт “.

6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8. Коефициентот за пресметување на плата е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

javen-oglas-br-082026-za-imenuvanje-na-direktor-na-drzavniot-inspektorat-za-transport-file-ExQS.docx

javen-oglas-br-082026-za-imenuvanje-na-direktor-na-drzavniot-inspektorat-za-transport-file-h5Wn.pdf

Мени за пристапност