Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен oглас  Бр. 10/2026 за именување на директор на Државната фитосанитарна лабораторија

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 24/02/2026

Врз основа на член 78 - б од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2005, 81/2008, 20/2009,  57/2010, 17/2011, 148/2011, 69/2013, 43/2014, 158/2014, 149/2015, 39/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.150/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува


ЈАВЕН  ОГЛАС Бр.10/2026
за именување на директор на Државната фитосанитарна лабораторија

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државната фитосанитарна лабораторија, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  2. За директор на Државната фитосанитарна лабораторија може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    4. Да има минимум пет години работно искуство;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС( BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  3. За директор на Државната фитосанитарна лабораторија може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство;
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    8. Доказ дека има минимум пет години работно искуство и
    9. Меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС( BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државната фитосанитарна лабораторија “.
  6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
  9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност