Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 24/02/2026
Врз основа на член 20 став (3) и член 21 од Законот за Бирото за развој на образованието („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/06, 142/08, 148/09, 69/13, 120/13, 148/13, 41/14, 30/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 74/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.11/2026
за именување на заменик на директорот на Бирото за развој на образованието
- Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Mинистерот за образование и наука ќе именува заменик на директорот на Бирото за развој на образованието.
- За заменик на директорот на Бирото за развој на образованието може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен најмалку VII/1 степен образование;
- Да има најмалку пет години работно искуство во воспитно-образовната работа и ги исполнува условите од членот 17 алинеи 2, 3 и 4 од овој закон, односно:
- Да имаат објавено стручни, односно научни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието;
- Да вршат истражувања и владеат со методологијата на научно-истражувачката работа во областа на воспитанието и образованието;
- Да учествувале на научни и стручни собири за образованието со свои трудови;
- Да има меѓународно признат сертификат или уверение за познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) - најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3 бода, КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или да има сертификат, уверение или потврда со кое се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски) на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или странство, регистрирана како давател на оваа услуга, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик и германски јазик.
- За заменик на директорот на Бирото, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен најмалку VII/1 степен образование;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во воспитно-образовната работа;
- Доказ дека има објавено стручни, односно научни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието;
- Доказ дека вршат истражувања и владеат со методологијата на научно-истражувачката работа во областа на воспитанието и образованието;
- Доказ дека учествувале на научни и стручни собири за образованието со свои трудови;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) - најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3 бода, КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
- Сертификат, уверение или потврда со кое се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски) на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или странство, регистрирана како давател на оваа услуга, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик и германски јазик.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик на директорот на Бирото за развој на образованието“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.