Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен oглас Бр. 14/2026 за именување на 1 (еден) државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Тетово

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 16/03/2026

Врз основа на член 18 став 3, член 19 и член 20 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/07 и 104/15 и „Службен весник на Република Северна Mакедонија“ бр.53/24), а во врска со Одлуката за определување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. бр.3/08, 215/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/19, 187/22, 44/24 и 248/25), Владата на Република Северна Македонија распишува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС Бр.14/2026

за именување на 1 (едендржавен правобранител во  Државното правобранителство

на Република Северна Македонија за подрачје Тетово

 

1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Тетово, по претходно прибавено мислење од државниот правобранител, без ограничување на мандатот.

2. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Тетово, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

Да е државјанин на Република Северна Македонија,

Да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и

Да ужива углед за вршење на функцијата.

3. При изборот на државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Тетово, Владата на Република Северна Македонија ќе ја има предвид соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Северна Македонија.

4. Функцијата државен правобранител е неспојлива со вршењето на друга јавна функција и професија.

5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1) Пријава по оглас - Преземи,

2) Кратка биографија,

3) Мотивациско писмо,

4) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,

5) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование - дипломиран правник;

6) Уверение за положен правосуден испит,

7) Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија или во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија како работен стаж, како и доказ дека има работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и

8) Доказ дека ужива углед за вршење на функцијата.

6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје, со назнака: „За јавен оглас за именување на 1 (едендржавен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Тетово“.

7. Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).

9.  Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност