Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 28/2025 за именување на заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Институција која огласува: Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 18/03/2025

Врз основа на член 11 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“бр. 72/2007, 5/2009, 43/2014, 193/2015, 39/2016, 164/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 28/2025
за именување на заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка 
во земјоделството и руралниот развој

 

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со мандат од четири години.

2. За заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) Да има најмалку пет години работно искуство;
5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:  

    • ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3. За заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

prijava_za_oglas_1.pdf 
struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:


1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
8) Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

      • ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој “.

6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност