Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 68/2025 за избор на заменик - директор на Царинската управа

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 23/12/2025


Врз основа на член 6 став (2), став (3) и став (5) од Законот за царинската управа („Службен весник на Република Македонија “ бр.46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008, 64/2009, 105/2009, 48/2010, 53/2011, 113/2012, 43/2014, 167/2014, 33/2015, 61/2015, 129/2015, 23/2016, 120/2018, 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/2021 и 3/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 68/2025
за избор на заменик - директор на Царинската управа

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за финансии ќе именува заменик - директор на Царинската управа.
  2. За заменик - директор на Царинската управа може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    4. Да има најмалку пет години работно искуство;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФEЛ ИБТ - со најмалку 74 бодови,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бодови,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2)
  3. За заменик - директор на Царинската управа може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство;
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    8. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
    9. Mеѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФEЛ ИБТ - со најмалку 74 бодови,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бодови,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2)
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на заменик - директор на Царинската управа “.  
  6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
  9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност