Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 23/12/2025
Врз основа на член 17 став 2, став 3 и став 4 и член 18 став 1 од Закон за стоковните резерви („Службен весник на Република Македонија“бр. 84/08, 77/09, 24/11, 43/14 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/21, 74/24, 135/25 и 154/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 69/2025
за именување на заменик- директор на Агенцијата за стоковни резерви
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик-директор на Агенцијата за стоковни резерви, со мандат од 4 години со можност за повторен избор.
- За заменик-директор на Агенцијата за стоковни резерви може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование, најмалку пет години работно искуство од областа на економијата, правото, технологијата или агронoмијата од кои најмалку две години на раководна функција во областа на економски, финансиски, правни, технички и академски институции или во енергетскиот сектор и
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
- ТОЕФЛ ИБТ (со најмалку 74 бода),
- ИЕЛТС (најмалку 6 бода),
- ТОЛЕС (базично познавање),
- ИЛЕК (најмалку Б2 ниво),
- Кембриџ сертификат (Б1 ниво),
- АПТИС (најмалку Б2 ниво) или
- сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски или германски), на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
- За заменик- директор на Агенцијата за стоковни резерви може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство,
- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование,
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство од областа на економијата, правото, технологијата или агронoмијата од кои најмалку две години на раководна функција во областа на економски, финансиски, правни, технички и академски институции или во енергетскиот сектор и
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик: ТОЕФЛ ИБТ (со најмалку 74 бода), ИЕЛТС (најмалку 6 бода), ТОЛЕС (базично познавање), ИЛЕК (најмалку Б2 ниво), Кембриџ сертификат (Б1 ниво), АПТИС (најмалку Б2 ниво) или
- Сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски или германски), на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик - директор на Агенцијата за стоковни резерви“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.