Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас Бр.01/2025 за именување на директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола

Институција која огласува: Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 04/02/2025

Врз основа на член 4 од Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството („Службен весник на РМ” бр. 3/98, 43/2014, 64/2018 и 27/2019), Владата на Република Северна Македонија, објавува


 
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.01/2025
за именување на директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола
 

1.Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, со мандат од четири години. Именувањето на директорот ќе се изврши врз основа на неговата стручност и компетентност.
 
2. За директор на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:


1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
4) Има најмалку пет години работно искуство;
5) Поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 
3. За директор на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:


prijava_za_oglas_1.pdf ,
struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx


 
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:


1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство;
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Диплома/уверение дека има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
8) Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола“.
 
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност