Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 23/01/2026
Врз основа на член 4 став (3) став (4) и став (5) од Законот за метрологија („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/02, 84/07, 120/09, 136/11, 6/12, 164/13, 41/14, 192/15, 53/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр 215/21, 147/24 и 156/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.01/2026
за именување на директор на Бирото за метрологија
- Владата на Република Северна Македониј, на предлог на министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, ќе именува директор на Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
- За директор на Бирото за метрологија може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Да има најмалку пет години работно искуство, од кои најмалку три години на раководна позиција;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода ,
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
- сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски или германски), на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
- За директор на Бирото за метрологија, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство,
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство, од кои најмалку три години на раководна позиција,
- Меѓународно признат сертификат или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода ,
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
- Сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски или германски), на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Бирото за метрологија“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.