Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен Оглас Бр.02/2026 за избор на 1 (еден) непрофесионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 20/01/2026


Врз основа на член 158-д, член 158-ѓ и член 158-е и член 158- ж од Законот зa супервизија на осигурувањето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/02, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 112/2011, 188/2013, 43/2014, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 31/2020 и 173/2022 и 3/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.02/2026
за избор на 1 (еден) непрофесионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување 

  1. На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе именува 1 (еден) непрофесионално ангажирани член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
  2. Орган на Агенцијата за супервизија на осигурувањето е Советот на експерти.
  3. Советот на експерти на Агенцијата е составен од пет члена, од кои еден е претседател кој раководи со Агенцијата и ја застапува во односите со трети лица.
  4. Мандатот на членовите на Советот на експерти е пет години, со можност за реизбор, освен кога некој член на Советот на експерти ќе престане да ја врши должноста пред истекот на мандатот, на негово место се именува друго лице со мандат до истекот на мандатот на членот на кој му престанува вршењето на должноста.
  5. За непрофесионално ангажирани член на Советот на експерти на Агенцијата може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Да има завршено високо образование;
    3. Да е признат експерт во областа на осигурувањето, финансиите или трговското право и да има најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето или финансиите;
    4. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2). 
  6. За непрофесионално ангажирани член на Советот на експерти на Агенцијата не може да се именува лице:
    1. На кое му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
    2. На кое му е изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност од областа на осигурувањето и финансиите;
    3. Кое е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, се додека траат правните последици од пресудата за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
    4. На кое му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
    5. Кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
    6. Кое е член на орган на управување, надзорен орган или лице вработено во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
    7. Кое е акционер во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво, друштво за застапување во осигурувањето или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
    8. Кое е член на органи на политичка партија и
    9. Кое е пратеник или лице кое врши друга должност на која е именуван од Владата или Собранието на Република Северна Македонија.
  7. Членот на Советот на експерти е должен својата работа да ја извршуваат професионално и на начин на кој нема да ја доведуваат во прашање независноста и самостој носта на Агенцијата.
  8. Членот на Советот на експерти кој не е професионално ангажиран во Агенцијата има право на месечен надоместок и надоместок на други трошоци утврдени со Статутот и другите акти на Агенцијата.
  9. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Кратка биографија;
    2. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    3. Диплома за завршено високо образование;
    4. Доказ дека е признат експерт во областа на осигурувањето, финансиите или трговското право и да има најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето или финансиите
    5. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) –најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) -најмалку ниво Б2 (B2);
    6. Доказ дека не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
    7. Доказ дека не му е изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, од областа на осигурувањето и финансиите;
    8. Доказ дека нема правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, се додека траат правните последици од пресудата за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
    9. Доказ дека не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
    10. Доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
    11. Доказ дека не е член на орган на управување, надзорен орган или лице вработено во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
    12. Доказ дека не е акционер во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво, друштво за застапување во осигурувањето или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
    13. Доказ дека не е член на органи на политичка партија и
    14. Доказ дека не е пратеник или лице кое врши друга должност на која е именуван од Владата или Собранието на Република Северна Македонија.
  10. Документите од точка (9) треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на 1 (еден) непрофесионално ангажирани член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
  11. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е (5) пет дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.
  12. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  13. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност