Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 30/01/2026
Врз основа на член 105, член 105-а и член 106 од Законот зa домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/20, 150/22, 224/24 и 160/25) а в.в со член 40 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.160/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2026
за именување на претседател и 4 (четири) члена на Регулаторната комисија за домување
- На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе именува претседател и 4 (четири) члена на Регулаторната комисија за домување со мандат од пет години, со право на реизбор на уште еден мандат.
- Функцијата претседател и член на Регулаторната комисија се врши професионално.
- Еден член на Регулаторната комисија треба да биде експерт за правни прашања експерт за прашања од областа на архитектурата и градежништвото кој треба да ги познава стандардите и нормативите за проектирање на објекти од областа на домувањето и еден член експерт за економски прашања од областа на домувањето.
- Членството во Регулаторната комисија е неспојливо со извршување на секаква јавна функција, работно место или функција во политичка партија. Секаков вид на функција работно место или именување, престанува по сила на закон на денот на именувањето за член на Регулаторната комисија.
- За претседател и член на Регулаторна комисија може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- Да има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето,
- Поседува сертификат, уверение, потврда и/или друг документ со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски или германски јазик) на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
- Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас - (Преземете тука),
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- Доказ дека има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето,
- Сертификат, уверение, потврда и/или друг документ со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски или германски јазик) на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
- Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на претседател и 4 (четири) члена на Регулаторната комисија за домување“- со назнака за позицијата за која аплицира.
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.