Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен Оглас Бр.05/2026 за именување на директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 30/01/2026

Врз основа на член 16 став 1, став 3, став 6 и став 7 од Законот за правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/20 и 247/25), Владата на Република Северна Македонија објавува


ЈАВЕН ОГЛАС Бр.05/2026
за именување на директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.    
  2. За директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
    2. Да има познавање од областа на човековите права,
    3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    4. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на општествените науки,
    5. Да има минимум пет години работно искуство од областа на човековите права,
    6. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, и тоа:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода,
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
      • сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (анлиски, француски или германски јазик), на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
  3. За директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас,
    2. Кратка биографија,
    3. Мотивациско писмо,
    4. План и програма за идна работа,
    5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
    6. Доказ дека има познавање од областа на човековите права,
    7. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    8. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на општествените науки,
    9. Доказ дека има минимум пет години работно искуство од областа на човековите права и
    10. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик и тоа:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода,
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
      • сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (анлиски, француски или германски јазик), на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците “.  
  6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25, 111/25, 168/25 и 235/25).
  9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност