Институција која огласува: Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 26/03/2026
Врз основа на член 12 од Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 187/13, 43/14 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25) и член 18 став (3) и став (4) и член 20 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.135/25 и 269/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.17/2026
за именување на директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, орган во состав на Министерството за локална самоуправа, за време од четири години.
- За директор може да биде именувано лице кое:
- Има државјанство на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик или сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија – англиски, француски или германски најмалку ниво Б2 (В2):
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
- Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- За директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal)
- најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First)
- положен, - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) или
- сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија – англиски, француски или германски најмалку ниво Б2 (В2) и
- Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа “.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.47/26).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.