Институција која огласува: Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 16/03/2026
Врз основа на член 30 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19, 220/19, 236/22, 74/24 и 258/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.18/2026
за именување на заменик на директорот на Воспитно - поправен дом Тетово
- Владата на Република Северна Македонија, на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, ќе именува заменик на директорот на Воспитно - поправен дом Тетово, за време од четири години со право на повторен избор.
- За заменик на директорот на установата, може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Активно да го владее македонскиот јазик;
- Да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
- Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
- За заменик на директорот на Воспитно - поправен дом Тетово може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство, на Република Северна Македонија,
- Доказ дека активно го владее македонскиот јазик,
- Доказ дека е работоспособен и дека има општа здравствена способност,
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- Доказ дека има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик на директорот на Воспитно - поправен дом Тетово“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.47/26).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.