Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 07/04/2026
Врз основа на член 10 и член 11 став (2) од Законот за управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 61/15, 27/16, 35/18, 83/18 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/23 и 3/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.22/2026
за именување заменик-директор на Управата за јавни приходи
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик-директор на Управата за јавни приходи, на предлог на министерот за финансии, за период од четири години.
- За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
- Да има најмалку пет години работно искуство;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
6) Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Диплома за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
8) Доказ дека има најмалку пет години работно искуство и
9) Меѓународно признат сертификат или уверениe за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)-најмалку ниво Б2 (B2). - Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик-директор на Управата за јавни приходи “.
- Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МЈА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 47/26).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.