Институција која огласува: Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 13/09/2026
Врз основа на член 9 став (2), став (3) и став (5) и член 10 став (1), став (2) и став (3) од Законот за ревизија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 135/11, 188/13, 43/14, 138/14, 145/15, 192/15, 23/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21 и 148/26), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.25/2026
за именување на претседател на Советот за унапредување и
надзор на ревизијата на Република Северна Македонија
1) Владата на Република Северна Македонија, објавува јавен оглас за именување на претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за финансии, со мандатот од пет години, со можност за повторен избор уште за еден мандат.
2) За претседател на Советот може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да има завршено високо образование од областа на економијата или правото,
- да не е вработен во Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија и да не е член на ниедно извршно тело на истиот,
- да има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото, ревизијата или финансиите,
- да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години:
1) ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода;
2) ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода;
3) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво;
4) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен;
5) БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и
6) АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) или да поседува сертификат и/или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски, германски или италијански) на ниво Б2 (В2);
- да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните финансии, платниот промет, стопанството и службената должност и
- да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.
3) За претседател на Советот не може да се именува лице:
- кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа и
- кое е носител на функција во органите на политичка партија и/или член на орган на надзор, орган на управување или било кој друг орган на правен субјект кој подлежи на законска ревизија.
4) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас - преземете тука;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- Уверение за државјанство;
- Диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економијата или правото;
- Доказ дека не е вработен во Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија и да не е член на ниедно извршно тело на истиот;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото, ревизијата или финансиите;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години:
1) ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода;
2) ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода;
3) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво;
4) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен;
5) БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и
6) АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) или
7) да поседува сертификат и/или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски, германски или италијански) на ниво Б2 (В2);
- Да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните финансии, платниот промет, стопанството и службената должност;
- Да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
- Да не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа и
- Да не е носител на функција во органите на политичка партија и/или член на орган на надзор, орган на управување или било кој друг орган на правен субјект кој подлежи на законска ревизија.
5) Документите од точка 4) треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија“.
6) Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7) Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8) Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
9) Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.47/26 и 170/26).
10) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
11) Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
12) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.