Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен oглас Бр.33/2025 за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи

Институција која огласува: Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 25/03/2025

Врз основа на член 10 став (1), став (2), став (3)  и став (4) од Законот за управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/14, 61/15, 27/16, 35/18, 83/2018 и 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/23 и 3/25), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.33/2025

за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи

 

  1.  Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик-директор на Управата за јавни приходи, на предлог на министерот за финансии, за период од четири години.
  2. За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    4. Да има најмалку пет години работно искуство;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик  не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

  1. За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

prijava_za_oglas_1.pdf

-struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    8. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
    9. Меѓународно признат сертификат или уверенија за активно познавање на англиски јазик  не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи“.
  2. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  3. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
  4. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  6. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  7. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност