Институција која огласува: Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 18/04/2025
Врз основа на член 40 од Законот за сигурност во железничкиот систем („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 48/10, 23/11, 53/11, 158/11, 137/13, 163/13, 42/14, 166/14, 147/15, 193/15, 31/16, 52/16, 63/16, 71/16, 35/18 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.22/20, 178/21 и 224/24), и член 27 став (3) и став (4) и член 28 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/19, 272/24 и 22/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.38/2025
за именување на директор на Управата за сигурност во железничкиот систем
- Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на железничкиот сообраќај и железничката инфраструктура, ќе именува директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, орган во состав на Министерството за транспорт, за период од четири години.
- За директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, може да биде именувано лице кое:
1) Има државјанство на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) Има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
5) Поседува уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
6) Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- За директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
-
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не им е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование и стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
- Уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
- Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Управата за сигурност во железничкиот систем “.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.