Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас Бр.54/2025 за именување на заменик-директор на Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија

Институција која огласува: Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 13/05/2025

Врз основа на член 18 и член 22 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16, 84/15 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.209/23) Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.54/2025

за именување на заменик-директор на Агенција за храна и ветеринарство

на Република Северна Македонија

 

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува заменик-директор на Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, со мандат од четири години, со можност за повторен избор.
  2. За заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство може да биде именувано лице  кое ги исполнува следниве услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    4. Да има минимум пет години работно искуство;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • AПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2( B2).

 

  1. За заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

 

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    8. Доказ дека има минимум пет години работно искуство;
    9. Меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • AПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2( B2).

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија“.
  2. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  3. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
  4. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  6. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  7. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност