Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас Бр.57/2025 за именување на заменик на директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства

Институција која огласува: Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 20/05/2025

Врз основа на член 4-г и член 4-д од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18, 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 28/21, 122/21 и 60/23), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.57/2025

за именување на заменик на директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства

 

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува заменик на директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, со мандат од четири години.
  2. За заменик на директорот на Агенцијата може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или  прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има завршен фармацевтски факултет, односно да има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на фармацијата;
    4. Да има минимум шест години работно искуство во областа на фармацијата и да има завршено последипломски студии, специјализација или докторат од областа на фармацијата;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
    6. Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  1. За заменик на директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за завршен фармацевтски факултет, со стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на фармацијата;
    8. Доказ дека има завршено последипломски студии, специјализација или докторат од областа на фармацијата;
    9. Доказ дека има минимум шест години работно искуство во областа на фармацијата;
    10. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

11. Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик на директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства“.
  2. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  3. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
  4. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  6. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  7. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Пропратни документи:

Мени за пристапност