Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 03/01/2026
Врз основа на член 11 став (5) од Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/25 и 192/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на 3 (три) членa на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво претставници од редот на домашни и меѓународни експерти од областите за кои се распишуваат јавните конкурси за поддршка на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото
1. Владата на Република Северна Македонија ќе избере тројца постојани претставници од редот на домашни и меѓународни експерти од областите за кои се распишуваат јавните конкурси за поддршка на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото за членови на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, за период од две години, со право на реизбор.
2. Претставниците од редот на домашни и меѓународни експерти се назначуваат од редот на експерти со најмалку завршено високо образование, работно искуство од најмалку пет години во соодветната област и искуство во менаџирање со проекти.
3. За член на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво претставник од редот на домашни и меѓународни експерти од областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е експерт од областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото;
- Да има завршено најмалку високо образование (мастер или докторат, дополнителни академски и професионални сертификати во соодветната област ќе се сметаат за предност).
- Да има најмалку пет години работно искуство во областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото (меѓународен експерт, треба да има искуство во различни региони или соработката со меѓународни тимови).
- Да име искуство во менаџирање со проекти (предност ќе имаат кандидати со над 10 години работно искуство во менаџирање на големи проекти и проекти со меѓународени елементи односно универзитетски професори или вработени во научно-истражувачка институција).
- Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија – англиски, француски или германски на најмалку ниво Б2 (B2).
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
4. Покрај условите од точка 3 за член на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво претставник од редот на домашни и меѓународни експерти од областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото може да биде избрано лице кое ги исполнува и следниве критериуми:
- Јасна и ефективна комуниција со различни целни групи, способност за работa во меѓународни или мултикултурни тимови, како и разбирање на различни бизнис култури.
- Да има докажани резултати со потврдено професионално искуство и компетенции, високи стандарди на етика, доверливост и интегритет, работа во услови на висока одговорност, како и задоволување на рокови.
- Способност за идентификување и решавање на комплексни проблеми, самостојно преземање на иницијативи и работа под притисок.
- Локална достапност и способност за работа на терен (ако е потребно), спремност за патувања или релокација, ако проектите го бараат тоа.
5. На членовите на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво - претставници од редот на домашни и меѓународни експерти од областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото им следува надоместок по присуство на седница, чија висина ја одредува Владата.
6. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо;
- Доказ дека е експерт од областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото;
- Уверение или диплома за завршено високо образование (мастер или докторат, дополнителни академски и професионални сертификати);
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото и искуство во менаџирање со проекти;
- Сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија – англиски, француски или германски на најмалку ниво Б2 (B2);
- Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
- Други дополнителни документи со кои ќе го докаже исполнувањето на критериумите од точка 4 со документирани резултати за успешни проекти, препораки од претходни работодавачи, дипломи, признанија, сертификати и сл.
7. Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на 3 (три) члена на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво - претставници од редот на домашни и меѓународни експерти од областа на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото“.
8. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 30 дена сметано од денот на објавувањето.
9. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk и на интернет страницата на Агенцијата за иновацискa дејност, научно-технолошки развој и претприемништво. https://www.inova.gov.mk/index3.html
10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.