Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2026 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 20/01/2026


Врз основа на член 17 и член 17-а став (1)  од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 89/22, 274/22,  208/24 и 193/25) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/24), Владата на Република Северна Македонија објавува: 

Ј А В Е Н    П О В И К   бр.01/2026
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден)  член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар на Владата, на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk  и на веб страницата на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о https://www.makedonijapat.com.mk/c.asp?ID=7#, објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден)  член на Управниот одбор во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., со седиште на ул.Даме Груев бр.14, 1000 Скопје.
  2. За член на Управниот одбор на јавно претпријатие основано од Владата, може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
    2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
    3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
    4. Да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
  3. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Образец за пријавување,
    2. Кратка биографија,
    3. Мотивационо писмо,
    4. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
    5. Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за позицијата за која аплицира,  
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    7. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија) и
    8. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
  4. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден)  член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о“.
  5. Членот на управниот одбор на јавното претпријатие го именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија, со мандат до истекот на мандатот на постојниот состав, со право на уште еден последователен мандат.
  6. Член на управен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управен одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.
  7. Неспојливи се функцијата претседател и член на управен на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
  8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  9. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.
  10. Краен датум за пријавување е 20.1.2026 година.
  11. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност