Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик бр.06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 16/12/2025


Врз основа на член 17 и член 17-а став (1)  од („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 89/22, 274/22,  208/24 и 193/25) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/24), Владата на Република Северна Македонија објавува: 

Ј А В Е Н    П О В И К   бр.06/2025
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот  одбор на Јавно претпријатие Колекторски систем

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk и на веб страницата на јавните претпријатија основани од Владата, објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на:
    • 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на веб страницата   https://mzi.mk/;
    • 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, на веб страницата http://www.studencica.com.mk;
    • 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, на веб страницата https://roads.org.mk/ и 
    • 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие Колекторски систем, на веб страницата   www.kolektorskisistem.com.mk.
  2. За член на Управниот одбор на јавните претпријатија основани од Владата, може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
    • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    • Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    • Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
    • Да има најмалку пет години работно искуство од кои:
      • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
      • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи. 
  3. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Образец за пријавување,
    2. Кратка биографија,
    3. Мотивационо писмо,
    4. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
    5. Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за позицијата за која аплицира,  
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    7. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство соодветно за позицијата за која аплицира (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија или Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија) и тоа:
      • За 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, со работно искуство од областа на финансиското работење;
      • За 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, и тоа: 1 (еден) член со работно искуство од областа на финансиско работење и 1 (еден)  член со работно искуство од областа на правните работи;
      • За 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, со најмалку пет години работно искуство и
      • За 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие Колекторски систем, со најмалку пет години работно искуство.
    8. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
  4. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на ЈП за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот одбор на ЈП Колекторски систем - со наведување за позицијата за која аплицира “.
  5. Членот на управниот одбор на јавното претпријатие го именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија, со мандат до истекот на мандатот на постојниот состав, со право на уште еден последователен мандат.
  6. Член на управен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управен одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.
  7. Неспојливи се функцијата претседател и член на управен на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
  8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  9. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страниците на јавните претпријатија.
  10. Краен датум за пријавување е 16.12.2025 година.
  11. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Мени за пристапност