Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 20/12/2025
Врз основа на член 1 и 2 од Законот за издавање на вредносни ваучери („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/25), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди
1. ПРЕДМЕТ НА ПОВИКОТ
Доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди и тоа:
- персонален компјутер: склопен, односно рачно составен од следните минимум компоненти CPU, RAM, диск, матична плоча, напојување и вградена графичка карта, бренд – фабрички составен или сертифициран компјутер од производител или All-in-One – компјутер со сите компоненти вградени во екранот.
- таблет компјутер е пренослив уред со екран на допир, кој овозможува користење на апликации, интернет и медиумски содржини, без физичка тастатура, или
- лаптоп – пренослив компјутер е преносен персонален компјутер со вграден екран, тастатура и батерија, наменет за мобилна употреба
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат студенти кои:
- се државјани на Република Северна Македонија;
- се редовни или вонредни, запишани во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во Република Северна Македонија; и
- не се постари од 29 години на денот на објавување на повикот.
3. ВРЕДНОСТ, РОК И БРОЈ НА ВАУЧЕРИ
Номиналната вредност на ваучерот изнесува 15.300,00 денари. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 1 јануари 2026 година. Вкупниот број на ваучери е 55.000 (педесет и пет илјади).
4. РОК И НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Барањата се поднесуваат електронски преку Националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk) до 20 декември 2025 година и/или до исцрпување на предвидениот број ваучери.
По електронската проверка на условите, ваучерот се издава во електронска форма и може да се преземе преку Порталот.
5. КАДЕ СЕ КОРИСТИ ВАУЧЕРОТ
Ваучерот се користи кај економски оператори запишани во Листата на економски оператори за реализација на ваучери, објавена на веб страницата на Владата.
6. КРИТЕРИУМИ И РЕДОСЛЕД НА ДОДЕЛУВАЊЕ
Доделувањето се врши по редослед на успешно валидирани електронски барања до исцрпување на предвидениот број ваучери, во рамки на расположливите буџетски средства.
7. ДОКУМЕНТИ И ИЗЈАВИ
Во постапката преку Порталот се користат службени евиденции за потврда на идентитет и студентски статус. При искористување на ваучерот, студентот потпишува изјава за искористен ваучер.
Овој јавен повик се објавува на веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија и на Националниот портал за електронски услуги.
Линк до повиците објавни на Националниот портал за е-услуги (uslugi.gov.mk)