Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 09/05/2026
Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Северна Македонија “бр.259/2024) Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2026
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Се распишува интерен оглас за унапредување на административни службеници за следниве работни места:
1. Шифра: УПР 01 01 Б03 000
Звање и назив на работното место – Помошник раководител на сектор за финансиски работи, за буџет Назив на сектор: Сектор за финансиски работи
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Економија и бизнис
- работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 45.660,00
2. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за стратешко планирање и следење
Назив на одделение: Одделение за стратешко планирање и следење
Назив на сектор: Сектор за стратегија, планирање, следење и Национална развојна стратегија
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Економија и бизнис, Право
- работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 42.088,00
3. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за достава на материјали во владина постапка
Назив на одделение: Одделение за достава на материјали во владина постапка
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Право, Политички науки, Економија и бизнис
- работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 42.088,00
4. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој
Назив на одделение: Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки
- работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 42.088,00
5. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за записници, заклучоци и други акти на Владата
Назив на одделение: Одделение за записници, заклучоци и други акти на Владата
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Право и Политички науки
- работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 42.088,00
6. Шифра: УПР 01 01 В01 000
Звање и назив на работното место – Советник за стручна поддршка
Назив на одделение: Одделение за стручно - оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за економски систем и тековна економска политика
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Високо образование
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 38.222,00
7. Шифра: УПР 01 01 В01 000
Звање и назив на работното место – Советник за технички работи
Назив на одделение: Одделение за административно-технички работи
Назив на сектор: Сектор за документација, библиотека и други општи работи
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 38.222,00
8. Шифра: УПР 01 01 В01 000
Звање и назив на работното место – Советник за следење и анализа на странски инвестиции
Назив на одделение: Одделение за анализи и привлекување на инвестиции
Назив на сектор: Сектор за следење на финансиската поддршка на инвестициите и државната помош и за координација на проекти
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Економија и бизнис и Право
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции: - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 38.222,00
9. Шифра: УПР 01 01 В01 000
Звање и назив на работното место – Советник за внатрешен ревизор за ревизија на усогласеност и ревизија на системите за внатрешна контрола
Назив на одделение: Одделение за внатрешна ревизија
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Економија и бизнис, Право
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции: - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 38.222,00
10. Шифра: УПР 01 01 В02 000
Звање и назив на работното место – Виш соработник за оперативни работи во посебни комисии и други тела на владата
Назив на одделение: Одделение за стручно - оперативна и логистичка поддршка на посебни комисии и други тела на Владата
Назив на сектор: Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на именувани лица, посебни комисии и други тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки - Право, Политички науки, Економија и бизнис
- работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 36.172,00
11. Шифра: УПР 01 01 Г01 000
Звање и назив на работното место – Самостоен референт за административно - технички работи
Назив на Одделение: Одделение за административно - логистичка поддршка на именувани лица
Назив на сектор: Сектор за стручно - оперативна и логистичка поддршка на именувани лица, посебни комисии и други тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (Вишо образование, Гимназија или Средно стручно образование).
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.669,00
12. Шифра: УПР 01 01 Г01 000
Звање и назив на работното место – Самостоен референт за архивско и канцелариско работење
Назив на Одделение: Одделение за стручно -оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (Вишо образование, Гимназија или Средно стручно образование).
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.669,00
13. Шифра: УПР 01 01 Г01 000
Звање и назив на работното место – Самостоен референт за документациони работи
Назив на Одделение: Одделение за стручно - оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за политички систем
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (Вишо образование, Гимназија или Средно стручно образование).
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.669,00
Потребно е кандидатите да поднесат пријава на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси: SCR@gs.gov.mk.
Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, да ги достават до Секторот за човечки ресурси.
Кон пријавата кандидатите можат да приложат и:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.
Преземете ја пријавата тука.