Седницата се оддржа на: 14/10/2025 12:00
Записник: Преземи
| Точка | Наслов |
| 1 | Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2023 година на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. Скопје (Државен завод за ревизија) |
| 2 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Град Скопје (две возила за потребите на Автосообраќаен училишен центар „Боро Петрушевски” - Скопје) |
| 3 | Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности (КП бр.16761/1 за КО Куманово, викано место/улица „ЈНА“) 03-854/1 |
| 4 | Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности (КП бр.2593, за КО Куманово, викано место/улица „Парамида") ДП бр.03-855/1 |
| 5 | Предлог-одлука за престанок на трајно користење на недвижни ствари, во државна сопственост на Општина Штип |
| 6 | Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Бурсток Лтд. |
| 7 | Информација за воспоставување на ТУМО Центар во Република Северна Македонија |
| 8 | Предлог – Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија за 2025 година (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 28/25) |
| 9 | Информација во врска со барањето на Концесионерот САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово за продолжување на рокот за изградба и почеток со работа на МХЕЦ Мраморечка со реф.бр. 394 /Informacion në lidhje me kërkesën e Koncesionarit SATELIT ENERXHI SHPK Kumanovë për zgjatjen e afatit për ndërtimin dhe fillimin e funksionimit të HCV Mramoreçka me nr.ref. 394. |
| 10 | Информација за спроведување на проектот „Подобрена имплементација на Директивата на ЕУ за поплави преку усогласување на националната легислатива и подготовка на планови за управување со ризици од поплави“ |
| 11 | Информација за Индикаторски извештај за животна средина - 2024 година/Informacion mbi Raportin e Treguesit të Mjedisit Jetësor – 2024 |
| 12 | Предлог-oдлука за престанок на важење на концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Локов“ с.Франгово општина Струга |
| 13 | Предлог-oдлука за престанок на важење на концесија за експлоатација на минерална суровина – мермер на локалитетот „Галабовец – Нови Присад“ општина Прилеп |
| 14 | Предлог-oдлука за престанок на важење на концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Краста“ с.Радолишта, општина Струга |
| 15 | Предлог-oдлука за престанок на важење на концесија за експлоатација на минерална суровина –риолит на локалитетот „Крив Пат“ с.Куклиш, општина Струмица |
| 16 | Предлог – Oдлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на локалитетот „Пискупштина”, општина Струга |
| 17 | Информација во врска со барањето за одобрување на Одлука за надоместок за услугата за вршење транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, доставено од Претпријатие за нафтени цевоводи Солун-Скопје ВАРДАКС АД – ПОДРУЖНИЦА ВАРДАКС СКОПЈЕ |
| 18 | Предлог на закон за Судскиот совет на Република Северна Македонија |
| 19 | Предлог - одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Северна Македонија (објект-деловен простор на КП бр. 755/13, КО Кисела Вода 2, Општина Аеродром) |
| 20 | Предлог - одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за одбрана (Имотен лист бр.51058, на КП бр.755/14 за КО Кисела Вода 2, на ул. Р.Чајавец 8/1) |
| 21 | Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижнa ствар на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој ВО МОЈОТ СВЕТ – Скопје (ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр.16/1-7, Имотен лист бр.51129 на КП бр.755/15 за КО Кисела Вода 2) |
| 22 | Информација за Шестиот извештај на Владата на Република Северна Македонија во однос на спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, со текст на Извештај |
| 23 | Предлог-одлука за престанување на важењето на Одлуката за давање согласност за именување на Почесен конзул на Романија во Република Македонија, со седиште во Штип |
| 24 | Предлог-одлукa за затворање на Почесниот конзулат на Романија во Република Северна Македонија, со седиште во Штип |
| 25 | Информација за потребата од потпишување на Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Француската Република која се однесува на француските воени гробници и воени комеморативни споменици во Република Северна Македонија |
| 26 | Информација за статусот на подготовка на ревидирана верзија на Патоказот за Владеење на правото согласно коментарите на Европската комисија/ Informacion për statusin e përgatitjes së versionit të reviduar të Udhërrëfyesit për Sundimin e Ligjit, në pajtim me komentet e Komisionit Evropian |
| 27 | Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Државниот студентски дом „Пелагонија“ Скопје (Имотен лист бр.588298 на КП бр.1186/1 за КО Кисела Вода 1) |
| 28 | Предлог-одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижност сопственост на Република Северна Македонија (на КП.бр.14315 за КО Куманово) |
| 29 | Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Северна Македонија за 2025 година |
| 30 | Предлог-програма за изменување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2025 година |
| 31 | Предлог-програма за изменување на Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шекер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за 2025 година |
| 32 | Предлог-одлуки за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на јавни здравствени установи - 15 (компресори за операциони сали) |
| 33 | Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за урологија - Скопје (хируршки тилиум ласер и лапароскопски столб) |
| 34 | Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка нa 100 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи |
| 35 | Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка, одржување и корисничка поддршка на национален интегриран систем за управување со симптоми за пациенти |
| 36 | Информација за потреба од реформа во примарна здравствена заштита во Република Северна Македонија |
| 37 | Предлог на закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка (поднесен од група пратеници) |
| 38 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка (поднесен од група пратеници) |
| 39 | Предлог на закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација - ВМРО, по скратена постапка (поднесен од група пратеници) |
| 40 | Предлог на закон за Средно полициско училиште, по скратена постапка (поднесен од група пратеници) |
| 41 | Предлог на закон за Ваучер за неформална детска грижа, по скратена постапка (поднесен од група пратеници) |
| 42 | Барање за давање на автентично толкување на член 2 од Законот за дополнување на Законот за возила („Службен весник на Република Северна Македонија" број 87/2023), |
| 43 | Барање поднесено од Александар Наумоски од Скопје, доставено до Уставниот суд на Република Северна Македонија под БЗСП.бр.14/2025 за заштита на слободите и правата, предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија против Одговор по барање на Собранието на Република Северна Македонија (Комисија за прашања на изборите и именувањата бр.16-280/3 од 9.6.2025 година) во врска со Решение бр.18-2567/2 од 1.4.2025 година за одбивање на барањето за остварување на правото на плата по престанок на функцијата-претседател на Совет за управување на правото на плата по престанок на функцијата претседател на совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, донесено од Владата на Република Северна Македонија |
| 44 | Иницијатива поднесена од Душко Чангов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.89/2025, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 266-в ставови 1 и 2 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 18/2001, 04/2002, 05/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.215/2021 и 154/2023) |
| 45 | Иницијатива поднесена од Бранко Радојчиќ, адвокат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.118/2025, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 34 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија" бр.58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/2019), како и член 3 став 1 точка 5, член 24 став 2 алинеја 3 и член 69 точка 4 во делот „Жалбата не е дозволена против пресуда со која поединечниот управен акт е поништен или е прогласен за ништовен и предметот е вратен на повторно постапување на јавниот орган“ од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/2019) |
| 46 | Иницијатива поднесена од Мултиетнички синдикат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.117/2025 за оценување на уставноста на член 147 и член 148 ставови 2 и 4 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.101/2019, 275/2019, 14/2020, 171/2022, 65/2023, 14/2024 и 30/2024) |
| 47 | Иницијатива поднесена од Ментор Јакупи од Куманово преку полномошник Тамара Велковска, адвокат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.110/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на одредби од член 4, член 6 и член 2 став 3 точка и) од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија" број 114/2025) |
| 48 | Иницијативата поднесена од Димитар Шулевски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.109/2025 за оценување на уставноста на член 12 став 1 во делот „неговиот брачен другар,", член 13 став 1 во делот „и неговиот брачен другар", член 15 во делот „брачен другар", член 16 став 1 во делот ,,неговиот брачен другар", став 2 во делот „брачниот другар на умрениот" и став 3 во делот „брачен другар", член 19 во делот „брачен другар", член 20 став 1 во делот „ниту брачен другар," и член 26 од Законот за наследувањето („Службен весник на Република Македонија" бр.47/1996) |
| 49 | Иницијатива поднесена од Николче Мушаревски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.107/2025, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 64 став 7, член 96 став 2 алинеја 1 , член 97 став 1 и член 120 став 1 од Законот за вработени во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.53/2024) |
| 50 | Понуда од нотар Зафир Хаџи-Зафиров од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.70253, за КО Маџари, на КП бр.1901/3, викано место/улица „Благоја Стефковски“ и Имотен лист бр.70295, за КО Маџари, на КП бр.1901/11, викано место/улица „Благоја Стефковски“ |
| 51 | Понуда од нотар Марија Барзова од Штип, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.100726, за КО Штип 4, на КП бр.10482, викано место/улица „В.Догаџиски“ |
| 52 | Понудаод нотар Фросина Клисароска Канчевска од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.955, за КО Ракотинци, на КП бр.1952/1, викано место/улица „Стара Река“ |
| 53 | Понуда од нотар Никола Спасовски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.26801, за КО Јурумлери, на КП бр.452/3, викано место/улица „Село“ |
| 54 | Понуда од нотар Анита Цветановска од Куманово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.305, за КО Довезенце, на КП бр.299, викано место/улица „Трескоча“ |
| 55 | Понуда од нотар Емилија Георгиевска Аџиска од Берово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.4819, за КО Берово, на КП бр.2172 и КП бр.2162, викано место/улица „Брегалница“ |
| 56 | Кадровски прашања - 119 |
| 57 | Прашања и предлози - 119 |
| 58 | Извештај за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од буџетот на органите на државната управа и единиците на локална самоуправа во 2024 година |
| 59 | Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2024 |
| 60 | Информација за степенот на имплементација на обврските од НАТО процесот на одбранбено планирање, чекор 3 и чекор 5 во периодот јануари-јуни 2025 година |
| 61 | Информација за преземени мерки по препораките на овластениот државен ревизор содржани во Конечниот ревизорски извештај на тема „Систем за интегрирано планирање на ресурсите - ИПР систем” |
| 62 | Информација со Акциски план за спроведување на препораките од Конечниот извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивната инклузија на пазарот на трудот“ 2025-2026 година |
| 63 | Информација во врска со Извештајот за книговодствена вредност на работите на аеродромите Меѓународен Аеродром Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид заклучно со јуни 2025 година на ТАВ Македонија |
| 64 | Информација во врска со ревидираните финансиски извештаи за 2024 година на ТАВ Македонија и Сертификатот за годишен надоместок за концесија |
| 65 | Годишен извештај за работата на Министерството за економија и труд во однос на поднесени барања за издавање на дозволи и одбиени барања за вршење промет на воени стоки за 2024 година Raporti Vjetor i Punës së Ministrisë së Ekonomisë dhe Punës lidhur me kërkesat e parashtruara për lëshimin e lejeve dhe kërkesat e refuzuara për kryerjen e qarkullimit me mallra ushtarake për vitin 2024 |
| 66 | Извештај за работа на Државниот пазарен инспекторат за период 01.01 2024 година до 31.12.2024 година /Raportin për punën e Inspektoratit Shtetëror të Tregut për periudhën 01.01 të vitit 2024 deri më 31.12. të vitit 2024 |
| 67 | Информација за работата на Државниот инспекторат за труд за 2024 година, со Годишен извештај за работата на Државниот инспекторат за труд за 2024 година// Informacion për punën e Inspektoratit Shtetëror të Punës për 2024, me Raportin Vjetor për punën e Inspektoratit Shtetëror të Punës për vitin 2024 |
| 68 | Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, за првиот квартал од 2025 година |
| 69 | Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ Кичево, за втор квартал (1 април – 30 јуни 2025 година) |
| 70 | Tромесечен извштај за финансиско работење на ЈПВ Лисиче-Велес(Април-Јуни 2025 година) |
| 71 | Извештај за работата на ЈП ХС Злетовица Пробиштип за периодот од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година |
| 72 | Тримесечен финансиски извештај за работењето на Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија за период април – јуни 2025 година |
| 73 | Извештај за финансиското работење на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, за периодот 1 јануари 2025 година до 31 март 2025 година |
| 74 | Извештај за финансиско работење на Акционерското друштво „Медиумска информативна агенција“ – Скопје, во државна сопственост, за периодот од 1 април до 30 јуни 2025 година |
| 75 | Извештај за работа на Агенцијата за управување со одземен имот за период од 1.1.2025 година до 30.6.2025 година |
| 76 | Информација за статус на објект за проектот Изведба на Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо-Охрид |
| 77 | „Информација за состојбата и финансиските аспекти поврзани со проектот за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за интегрирано менаџирање со стерилизација и хируршки услуги во здравствени установи, со фокус на УК „Мајчин дом“ |
| 78 | Информација за давање на времено користење на движни ствари на Министерство за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Сектор за внатрешни работи – Скопје и на Министерство за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи –Охрид, Одделение за внатрешни работи Кичево, Полициска станица од општа надлежност – Кичево |
| 79 | Информација за потребата од прераспределба на дел од средствата од заемот од Европска Банка за обнова и развој за финансирање на Проектот за заеднички железнички граничен премин – Табановце |
| 80 | Информација во врска со организација и домаќинство на 14-от Меѓународен форум за енергија и одржлив равој |
| 81 | Информација за донесување План за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво, за период август 2025 – август 2028 година |
| 82 | Информација за обезбедување на грант средства за техничка помош од Француската развојна Агенција преку зелениот климатски фонд за Програмата за развој на енергетска ефикасност во објеки/згради peeb cool |
| 83 | Информација во врска со извршување на пресудата за арбитажен предмет помеѓу тужителот г.Блажо Тасев (наследен од г.Гоце Тасев) против Република Северна Македонија како тужена страна (завршена постапка во полза на Република Северна Македонија) |
| 84 | Предлог-одлука за проширување на концесијата за експлоатација на минерални суровини – руди на олово и цинк на локалитетот „Саса“ општина Македонска Каменица на Рудник САСА ДООЕЛ Македонска Каменица |
| 85 | Информација за арбитражната одлука донесена од Трибуналот на Меѓународниот суд за арбитража (ICA) во Париз за спорот помеѓу Министерството за финансии и Изведувачот на Договорот за градежни работи „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во Град Скопје“ |
| 86 | Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година (МТСП) |
| 87 | Информација за Стратегија за развој на ИКТ: СМАРТ/МК 2030, со текст на Стратегија и Акциски план 2025 - 2027 година |