Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

131-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 25/11/2025 12:00

Точка Наслов
1 Информација со Предлог–одлука за започнување со примена на квазигеоидот MK_HREF2022, како референтна површина за дефинирање на физичките висини во државниот вертикален референтен систем
2 Информација за спроведена анализа на кадровската структура, простор и опрема во Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија – Скопје и 10-те Центри за јавно здравје, со препорака за воведување на нови стандарди и нормативи во специфичната здравствена заштита Предлагач:ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
3 Месечен извештај за активностите поврзани со кризната состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија за периодот од 08.08.- 06.09.2025 година
4 Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности водоводна инфраструктура за техничка вода со вкупна должина од 30232.05 м) 03-402/1
5 Одлука за отстапување на одземени предмети со правосилни одлуки на општина Кичево (разна стока), со Предлог-одлука за давање согласност
6 Предлог-одлука за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба, за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела
7 Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
8 Информацијата во врска со поднесени барања за издавање на овластување за изградба на нов енергетски објект за производтво на електрична енергија од Друштвото за производство, промет, трговија и услуги Грандсолар увоз-извоз ДОО Скопје, Друштвото за производство, трговија и услуги Алба Енерги Груп ДООЕЛ – Скопје, и Друштво за производство,трговија и услуги Хек Солар МК ДОО Негрево Пехчево, со предлог oдлуки
9 Информација со предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи, МХЕЦ Жировница со реф.бр. 5, МХЕЦ Жировница со реф.бр. 6 и на Договорот за концесија за користење на вода од мали хидроелектрични централи МХЕЦ Железна 15 и МХЕЦ Железна 17/ Informacion me propozim për zgjidhjen e Kontratës për koncesionin për shfrytëzimin e ujit për prodhim të energjisë elektrike nga hidrocentrale të vogla, HCEV “Zhirovnicë” me referencë nr. 5, HCEV Zhirovnicë me referencë nr. 6 si dhe të Kontratës për koncesion për shfrytëzimin e ujit për HCEV-të: HCEV “Zhelezna” 15 dhe HCEV “Zhelezna” 17
10 Информација за потребата од изготвување на нова Стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2026-2030, со Акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Акциски план за борба против трговија со деца
11 Информација со Нацрт-Патоказ за Реформа на јавната администрација Informacion me Draft-Udhërrëfyesin për Reformën e Administratës Publike
12 Информација за работата на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи, во периодот од 07.08.2025 година до 11.11.2025 година
13 Информација за подготвување на измена на Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026) во делот на роковите и надлежните институции одговорни за спроведување на активностите, со Ревидиран Акциски план
14 Предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан (ротација од февруари до август 2026 година)
15 Предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово (ротација февруари до август 2026 година)
16 Предлог - одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија во НАТО - мисијата на Меѓународниот центар за безбедносна поддршка и обука за Украина, во Визбаден, Сојузна Република Германија (февруари-август 2026)
17 Предлог-одлука за продажба на движни ствари (6 патнички моторни возила)
18 Иницијативи поднесени од политичката партија Левица од Скопје и од политичката партија Демократи од Скопје, доставени до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 75-ѓ, член 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2, член 78, член 78-а и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија" бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 98/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24 и 76/24)
19 Известување од извршител Лазар Петровски од Куманово, доставено под И.бр. 2593/2023 за Заклучок за усна јавна продажба, која ќе се одржи на 27 ноември 2025 година, за недвижен имот, запишан во Имотен лист бр.493, за КО Љубодраг, на КП бр.57/3, КП бр.59/4, КП бр.62/3 и КП бр.60/3, викано место/улица „Бединска утрина“ и Имотен лист бр.188, за КО Љубодраг, на КП бр.57/6, КП бр.58/3 и КП бр.59/7, викано место/улица „Бединска утрина“
20 Информација за преземени мерки по препораките на овластениот државен ревизор содржани во Конечниот ревизорски извештај на тема „Усогласеност на процедури за безбедноста на податоците од Централен регистар на население“
21 Информација во врска со обезбедени 30 бесплатни курсеви и обуки зa вештачка интелигенција (AI) за лицата повредени во несреќата во Кочани
22 Извештај за степенот на реализација на Годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година (период јануари - јуни) - Raport mbi shkallën e realizimit të Programit të punës së Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut për vitin 2025 (periudha janar - qershor)
23 Кадровски прашања
  ·      Предлог кадровски прашања за 131-та седница на Владата
24 Прашања и предлози
  ·      Известување од ДИК - именување повереници
  ·      Предлог на заклучок - задолжение за Управата за хидрометеоролошки работи
  ·      Предлог на заклучок - задолжение за Министерството за правда
25 Информација во врска со постапката за доделување на концесија по Јавен повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина 4/2023 со Предлог - Oдлуката за престанување на важењето на Одлуката за избор на најповолна понуда
26 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија за период од 08.08.2025 до 14.08.2025 година
27 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 17.07.2025 до 23.07.2025 година
28 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 07.08. do 13.08.2025 година
29 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 30.10.2025 до 05.11.2025 година
30 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 06.11.2025 до 12.11.2025 година
31 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 07.08. do 13.08.2025 година
32 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 23.10.2025 до 29.10.2025 година
33 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 30.10.2025 до 05.11.2025 година
34 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 06.11.2025 до 12.11.2025 година
35 Информација за потребата од продолжување на рокот за стапување во сила на Договорот за заем и за забрзано продолжување на Проектот Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје
36 Информација за статус на активноста „Дизајн, набавка и инсталирање на новиот едношалтерски систем (НЕС) во Северна Македонија, RFP Реф. Бр.: WBTTFP-8929-MK-112-C-RFP“, опфатена со Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.
37 Информација за работата на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи, во периодот од 16.06.2025 година до 07.08.2025 година
38 Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година.
39 Барање за донесување на oдлука за давање на согласност за престанок на право на користење на градежно земјиште во државна сопственост, на Министерството за здравство, со Предлог – одлука
40 Информација во однос на предавање на дрвната маса произлезена при изградбата на интерконективен гасовод на Република Северна Македонија - Грција
41 Предлог-одлука за отворање Почесен конзулат на Украина во Република Северна Македонија, со седиште во Кавадарци
42 Предлог-Одлука за давање согласност за именување почесен конзул на Украина во Република Северна Македонија, со седиште во Кавадарци
43 Информација за организација на билатерален бизнис форум со република Србија на 3 Декември 2025 година во Скопје
44 Информација за задолжително приклучување на сите институции од јавниот сектор кон Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) и обезбедување целосна функционалност на системот
45 Информација за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари во сопственост на Република Северна Македонија, на Министерството за јавна администрација, за потребите на Државен управен инспекторат
46 Информација за прогресот на активностите во воспоставување систем на плати во јавниот сектор
47 Информација за организација на Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“, кој ќе се одржи на 10 декември 2025 година во Скопје
48 Информација за составот на делегацијата за учество на Единаесетта сесија на Конференцијата на Договорните страни на Конвенцијата на ОН против корупција, што ќе се одржи од 15 до 19 декември 2025 во Доха, Катар
49 Информација за учество на Владата во проектот „Везилка – Антена на Фабриката за Вештачка Интелигенција“ и негово кофинансирање
50 Иницијатива поднесена од Томислав Стефков, адвокат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под УЗ.бр.51/2025 за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за културата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2020)
51 Информација за статус на подготовка на законското решение за воспоставување на модел за национален механизам за проверка на странските директни инвестиции
52 Информација за подготовка на дваесет и првиот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи на 04.12.2025 година, во Скопје
53 Информација за усвојување на Предлог Одлука за задолжување на Република Северна Македонија која произлегува од договорот за краткорочен денарски кредит со девизна клаузула за финансирање на буџетски дефицит од НЛБ Банка АД Скопје
54 Информација за усвојување на Предлог Одлука за издавање на државна гаранција на обврските на АД ЕСМ Скопје кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит од Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Халк банка АД Скопје
55 Информација за пресметка на плата за вработените во установите од областа на културата по Колективен договор за култура и по Општиот колективен договор за јавниот сектор

 

Мени за пристапност