Седницата се оддржа на: 13/01/2026 12:00
| Точка | Наслов |
| 1 | 1. Записник од 10-та седница на Управувачки комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи и Записник од 9-та седница на Групата за процена, двете одржани на 29.12.2025 година; Предлог Заклучоци и Предлог Одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјето на општината Гази Баба на кое КПД КПУ Идризово ја врши својата надлежност заради спречување на безбедносни закани и зајакнување на обезбедувањето на установата до 30.06.2026 |
| 2 | 2. Информација за донесување на методологија за спогодбено раскинување на договори за концесии за МХЕЦ |
| 3 | 3. Предлог – одлука за продажба на движни ствари (медицинска и немедицинска опрема) Предлагач: ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија Скопје |
| 4 | 4. Информација за покренување на постапка за зголемување на основната главнина на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје со трансформација на заем во влог преку издавање на нови акции од четврта емисија по пат на приватна понуда, со Предлог-одлука |
| 5 | 5. Информација за постапување по договор за отуѓување на градежно земјиште со електронско јавно наддавање (Сончев град - Сопиште) |
| 6 | 6. Предлог - одлука за пренесување на недвижна ствар во сопственост на Општина Босилово (КП бр.1201/1, викано место/улица „Моноспитово бр.388“, за КО Моноспитово) |
| 7 | 7. Предлог - одлука за определување на квота за дозволи за странци кои можат да бидат работно ангажирани на територијата на Република Северна Македонија за 2026 година |
| 8 | 8. Информација во врска со билатералните договори за поттикнување и заемна заштита на инвестициите и потребата од формирање на меѓуинституционално тело за подготовка на билатералните договори и преговори со трети земји |
| 9 | 9. Информација за давање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште врз кое има бесправно изградени објекти со непосредна спогодба со Друштво за производство на млеко и млечни производи Млекара Голак ДООЕЛ експорт-импортод с.Габрово, Делчево со Предлог Одлука |
| 10 | 10. Информација во врска со концесијата за експлоатација на минерална суровина – подземна вода на локалитетот „Топлички Рид“ општина Виница на ЦЕНТРО-ФРУТА ДООЕЛ Виница, со Предлог -одлука |
| 11 | 11. Предлог–Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – бентонитска глина на локалитетот „Ранковце“, општина Ранковце |
| 12 | 12. Одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Северна Македонија |
| 13 | 13. Предлог на Закон за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист |
| 14 | 14. Предлог-решение за именување на претседател и членови на македонскиот дел на меѓувладината Мешовита комисија за спроведување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Хрватска за заштита на правата на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија |
| 15 | 15. Предлог - одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Министерството за одбрана (објекти кои се наоѓаат на ул. „Јазик“) |
| 16 | 16. Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Комисија за спроведување на реформи во пензискиот систем и Предлог-решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за спроведување на реформи во пензискиот систем |
| 17 | 17. Информација во врска со Предлог Акцискиот план 2025-2026 за спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година, со Акциски план |
| 18 | 18. Информација во врска со Предлог-национален акциски план за родова еднаквост 2025-2027 година, за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година, со Национален акциски план |
| 19 | 19. Информација за потребата за обезбедување на финансиски средства со цел преземање активности за завршување на изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и изградба на објект за потребите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје |
| 20 | 20. Предлог - одлука за изменување на Одлуката за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2025 година |
| 21 | 21. Информација со Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерство за социјална политика, демографија и млади |
| 22 | 22. Предлог - Одлука за спојување на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за кардиологија Скопје со Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за државна кардиохирургија Скопје во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за кардиологија и кардиоваскуларна хирургија Скопје - „Национален центар за кардиоваскуларни заболувања“ |
| 23 | 23. Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на опрема и реконструкција на простор за Центар за инфертилитет и асистирана репродукција во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство за периодот 2025 –2026 годинa |
| 24 | 24. Предлог – Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Босилово |
| 25 | 25. Годишен извештај на ректорот за работата на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип за период 2024-2025 година |
| 26 | 26. Извештај на ректорот за работата на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј" во Скопје, за периодот 1 октомври 2024 година - 30 септември 2025 година |
| 27 | 27. Извештај на Ректорот за работата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид за период септември 2024 - септември 2025 година |
| 28 | 28. Иницијатива поднесена од Хелсиншки комитет за човекови права - Скопје и 10 други организации што ја сочинуваат Мрежата за заштита од дискриминација, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.165/2025, за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.74/2025) |
| 29 | 29. Иницијатива поднесена од Хелсиншки комитет за човекови права - Скопје и 10 други организации што ја сочинуваат Мрежата за заштита од дискриминација, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.164/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 3/2025) и членовите 1, 2, 3 и 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 74/2025) |
| 30 | 30. Иницијатива поднесена од Славко Димитров од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, У.бр.166/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 157 став 8 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија" бр.37/1996, 80/1999, 48/2001, 4/2002, 16/2002, 43/2003, 19/2004, 40/2004, 81/2005, 50/2006, 60/2006, 73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 143/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015, 97/2017, 170/2017 и 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 36/2023 и 188/2023) |
| 31 | 31. Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.160/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 33 став 1 во делот „трошоците" од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост („Службен весник на Република Македонија" бр. 88/15, 154/15, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 110/21 ). |
| 32 | 32. Решение на Уставниот суд на Република Северна Македонија, У.бр.209/2024 од 11 јуни 2025 година, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 42 став 4 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023 и 170/2024). |
| 33 | 33. Понуда од нотар Методија Ристоски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.9225, за КО Ѓорче Петров 5 - Лепенец, на КП бр.3210/2, викано место/улица „ Ѓорче Петров 5“ |
| 34 | 34. Понуда од нотар Божидар Вангелов од Гевгелија, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.344, за КО Стар Дојран, на КП бр.772/1, викано место/улица „Партизанска бр.41 А“ |
| 35 | 35. Информација со прогрес за начинот на спроведување на испитот за стекнување на лиценца за работа во детска градинка Informacion me progresin mbi mënyrën e zbatimit të provimit për marrjen e licencës për punë në kopsht fëmijësh |
| 36 | 36. Информација за извршени вонредни инспекциски надзори во предучилишни установи за деца и во установи за вон-семејна социјална заштита и даватели на социјални услуги кои даваат социјална услуга за привремен престој во периодот од 21.3.2025 година до 17.4.2025 година |
| 37 | 37. Информација за степенот на реализација на средствата за капитални дотации за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 годинa заклучно со 30 ноември 2025 година |
| 38 | 38. Конечни извештаи за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност Прилеп (Сметка за средства од Фондот (737) и Сметка за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531)) Предлагач:Државен завод за ревизија |
| 39 | 39. Конечни извештаи за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Агенција за филм на Република Северна Македонија (Сметка на основен Буџет (603) и Сметка на Буџет од самофинансирачки активности (787)) Предлагач: Државен завод за ревизија |
| 40 | 40. Финален извештај за несреќа со параглајдер во околината на Прилеп на 5.7.2025 година - ACCID 003/2025 Предлагач: Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти |
| 41 | 41. Акциски план со точно дефинирани активности, рокови и носители за спроведување на дадени препораки од Конечниот извештај од Државниот завод за ревизија за извршена ревизија за успешност на тема „Зелена транзиција преку промовирање на обновливи извори на енергија“ |
| 42 | 42. Извештај за финансиското работење на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје, за периодот од 1 април 2025 година до 30 јуни 2025 година |
| 43 | 43. Извештај за финансиското работење на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје за периодот од 1 јули 2025 година до 30 септември 2025 година |
| 44 | 44.Кадровски прашања |
| -Предлог - кадровски 13.1.2026 | |
| 45 | 45.Прашања и предлози |
| Предлог - одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година | |
| Решение за изменување на Решението за формирање на Комисија за следење на примената и толкување на одредбите од Општиот колективен договор за јавниот сектор | |
| Предлог - заклучок за одржување тематска седница на Генералниот колегиум на државни секретари, заедничка тематска седница на работните тела на Владата, како и тематска седница на Владата во врска со предлог-програмите за работа за 2026 година, финансиски планови, инвестициони програми и слично | |
| 46 | 46. Програма за научно-истражувачка дејност за 2026 година |
| 47 | 47. Програма за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2026 година |
| 48 | 48. Програма за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2026 година |
| 49 | 49. Извештај за остварување на чекорот од Реформската агенда „Намалување на користењето на електронските аукции до најмногу 40% од бројот на објавените постапки“, со рок за реализација декември 2025 година |
| 50 | 50. Годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2026 година |
| 51 | 51. Барање за давање согласност на Годишната Програма за финансирање на јавна патничка услуга како услуга од јавен интерес во железничкиот превоз на патници за 2026 година |
| 52 | 52. Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 25.12.2025 до 31.12.2025 година |
| 53 | 53. Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 01.01.2026 до 07.01.2026 година |
| 54 | 54. Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 25.12.2025 до 31.12.2025 година |
| 55 | 55. Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 01.01.2026 до 07.01.2026 година |
| 56 | 56. Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје, Предлог-одлука |
| 57 | 57. Одлука за испраќање на тим од Министерството за одбрана за укажување на помош на Република Србија |
| 58 | 58. Предлог текст на Одлука за утврдување на вршење на јавна патничка услуга како услуга од јавен интерес, за период 2026-2030 година |
| 59 | 59. Програма за промоција и поддршка на туризмот за 2026 година |
| 60 | 60. Информација за спроведување на акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за месец декември 2025 година/Informacion për zbatimin e planit të veprimit me masa afatshkurtra për ajër të pastër për muajin dhjetor 2025 |
| 61 | 61. Извештај за завршени преговори за склучување на Договор за соработка во одбраната помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Катар, со усогласен текст на Договор |
| 62 | 62. Финансиски план за 2026 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Одлука за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2026 година и Предлог-одлука за согласност на Одлуката |
| 63 | 63. Информација за реализирани активности во рамки на националната постапка за номинирање на три кандидати од Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права од страна на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права |
| 64 | 64. Информација за потпишување на Предлог-Одлука бр. 1/2026 на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство за изменување на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска |
| 65 | 65. Информација за Програмата на економски реформи 2026-2028 година |
| 66 | 66. Информацијата од Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитажни постапки произлезени од меѓународни договори за постапување по заклучок на Владата на Република Северна Македонија за избор на меѓународна адвокатска куќа за изготвување на правно мислење за постоење на факти и околности за поведување на арбитажна постапка во врска со склучени договори за доделување на државна помош |
| 67 | 67. Информација за иницијативата на Министерството за здравство за аплицирање за грант од Фондот за пандемии, со прилог Апликација за грант |
| 68 | 68. Информација за назначување на Национален ИПА Кординатор (НИПАК) ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕТПРИСТАПНИТЕ ФОНДОВИ ИПА, ИПА II и ИПА III ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА |
| 69 | 69. Предлог Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2026 година |
| 70 | 70. Предлог на Закон за јавното обвинителство |