Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

159-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 24/03/2026 12:00

Точка Наслов
1 ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОТРЕБАТА НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА БРОЈОТ НА СЛУЖБЕНИ МОТОРНИ ВОЗИЛА СО КОИ РАСПОЛАГААТ МИНИСТЕРСТВА И ОРГАНИТЕ ВО СОСТАВ НА МИНИСТЕРСТВАТА
2 Годишна сметка за 2024 година и Извештај за работењето на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. - Скопје во 2024 година, со Извештај од независен ревизор и со Предлог - Одлуки
3 Информација со предлог за донесување на Одлука за давање на согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта за 2026 година, со Предлог - одлука
4 Информацијаза потребата од донесување на одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари во државна сопственост на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со Предлог - одлука
5 Информација за обезбедување на финансиски средства во наредни години за спроведување постапка за јавна набавка за услуги за физичко обезбедување во ТИР Зони
6 Информација за Годишна програма за работа на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА за 2026 година, со Годишна програма
7 Програма за основни геолошки истражувања за 2026 година
8 Предлог одлука за отуѓување на градежно земјиште сопшственост на Република Северна Македонија (КП бр.464, КП бр. 530/1, КП бр. 459/2 и дел од КП бр. 471/1, за КО Долно Коњари, викано место/улица „Лака“)
9 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 05.03.2026 до 11.03.2026 година
10 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 05.03.2026 до 11.03.2026 година
11 Предлог - план за управување со јагула (*)
12 Предлог-програма за заштита на потрошувачите за 2026 година/ Propozim-Program për mbrojtjen e konsumatorëve për vitin 2026
13 Предлог - програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година
14 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Диме Иванов, с.Долни Дисан, Неготино, со Предлог Одлука
15 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Ивана Анчева, с.Тимјаник, Неготино, со Предлог Одлука
16 Информација за дaвање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Трајче Здравев, ул.50-та Дивизија бр.5А, Скопје со Предлог Одлука
17 Информација за дaвање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштвото за производство, трговија и услуги АГРО УЗУНОВ ДОО Валандово, ул.Никола Карев бр.24, Валандово со Предлог Одлука
18 Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштвото за производство, трговија и услуги Витториа Фруит Дооел експорт – импорт с. Прдејци, Гевгелија со Предлог-Одлука
19 Информација за потреба од склучување на Меморандум за разбирање за Западен Балкан – Источен Медитеран железнички коридор за товарен сообраќај
20 Информација со Предлог - oдлука за утврдување на геодетските работи за посебни намени сврзани со ажурирање на геодетски подлоги во функција на планирање на просторот, предвидено со Годишната програма за финансирање на изработката на урбанистички планови за 2026 година
21 Информација за состојбата со моликата во Национален парк Пелистер
22 Информација во врска со извршената евалуација од Јавниот повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот „Брестот“ општина Неготино 2/2025 (Службен весник на Република Северна Македонија бр.247/25), со Предлог – одлукa
23 Информација во врска со Барањето за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Кутлишта“ општина Кичево на Друштво за градежништво, трговија и услуги СТОНКОРП ДОО Битола, со Предлог - Одлука
24 Информација за формирање на Комисија за спроведување на Јавен повик за доделување на концесија за вршење на проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини, со Предлог – решение
25 Извештај за реализација на Програмата за рекултивација на деградирани простори за 2025 година
26 Информација за продажба на движен имот во сопственост на Република Северна Македонија кој припаѓал на должникот Тутунски комбинат „Боро Петрушевски-Папучар“ Куманово
27 Информација за продажба на недвижен имот распределен во Стечајна постапка на стечајните доверители на Друштвото за производство на челични контрукции, механизми и киосци КЕН АД Куманово
28 Информација за статус на реализација на договор за доделување на државна помош на Орицон Адвансед Технолоџис - ОАД ДООЕЛ Скопје
29 Предлог - одлука за престанување на важењето на Одлуката број 50-9410/6 од 05.11.2025 година и Одлука за исплата на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година (Пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур)
30 Предлог одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Кисела Вода
31 Информација за одржан тринаесетти состанок на Специјалната група за реформа на јавна админситрација на 17 декември 2024 година во Скопје и хибридно и подготовка на четиринаесетти состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација, кој ќе се одржи на 26 март 2026 година во Брсиел и хибридно
32 Информација за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Neptune Strike 26-01“, со Предлог - одлука
33 Информација за правосилност на одлуката на Европскиот суд за човекови права во предметот Иса против Република Северна Македонија, А. бр. 25431/23
34 Предлог Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Комисија за поддршка на печатени медиуми
35 Информација за формирање Министерски одбор за организација и координација на Регионална конференција, со наслов: „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, што ќе се одржи во периодот од 07 до 08 мај 2026 година во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и во соработка со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, со Предлог Одлука зa формирање на Министерски одбор и Решение за именување на членови на Министерски Одбор
36 Информација за инклузија на деца Роми во предучилишно образование, за период 01.07.2025-31.12.2025 година
37 Информација за потпишување на Меморандум за соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација и Оракл Софтвер Д.О.О Љубљана (ORACLE SOFTWARE D.O.O. LJUBLJANA), со седиште во Љубљана, Република Словенија, за развој, имплементација и промоција на програми за дигитално учење, со текст на Меморандум
38 Барање за давање на автентично толкување за стекнат степен на кариера на државни службеници, според Законот за државни службеници (поднесено од градоначалникот на општина Долнени)
39 Барање за давање на автентично толкување на член 23 став 1 точка 18 од Законот за данок на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија" број 44/1999, 59/1999, 86/1999, 11/2000, 93/2000, 8/2001, 21/2003, 17/2004, 19/2004, 33/2006, 45/2006, 101/2006, 114/2007, 103/2008, 114/2009, 133/2009, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 96/19, 98/19,124/19, 275/19, 267/20, 163/21, 57/22, 199/23, 3/25 и 247/25), поднесено од пратеникот Игор Здравковски
40 Барање за давање на автентично толкување на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр. 61/2004, 96/2004, 22/2007, 67/2007, 156/2009, 47/2011, 192/2015 и 209/2018, и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 244/2019, 82/2020, 53/2021, 77/2021, 150/2021, 173/2022, 170/2024 и 37/2025) поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев
41 Иницијатива поднесена од Андреј Стојковски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.17/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 во делот „запишани на додипломски студии" и член 2 од Законот за издавање на вредносни ваучери („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025)
42 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.14/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 во делот „подзаконски акт" од Законот за именување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.135/2011 )
43 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.13/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 3 од Законот за именување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.267/2025)
44 Понуда од нотар Диана Бардаров од Штип, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.1924, за КО Штип 5, на КП бр.6838, викано место/улица „Град“
45 Понуда од нотар Богданка Бакаловска од Ресен, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.532, за КО Ресен, на КП бр.5522, викано место/улица „И.Р.Лола“
46 Понуда од нотар Дарко Стојкоски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.12766, за КО Драчево 2, на КП бр.9281, викано место/улица „Песовци“ и Имотен лист бр.3383, за КО Драчево 2, на КП бр.9294, викано место/улица „Песовци“
47 Понуда од нотар Анастасија Петреска од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.94411, за КО Ѓорче Петров 3 - Дексион, на КП бр.3971, викано место/улица „Црногорска“
48 Понуда од нотар Ана Јолакоска од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.23558, за КО Сингелиќ - 1, на КП бр.4227/3, викано место/улица „с.Пужалка“
49 Понуда од нотар Љубинка Јаковлева од Кавадарци, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.2038, за КО Глишиќ, на КП бр.1638/1, викано место/улица „Шишка“
50 Понуда од нотар Патриша Трајковска од Тетово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.394, за КО Блаце, на КП бр.111, викано место/улица „Подерница“
51 Понуда од нотар Васко Паскали од Охрид, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.21638, за КО Охрид 4, на КП бр.5238, викано место/улица „Град“
52 Понуда од нотар Катерина Митревска од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.65525, за КО Волково, на КП бр.532, викано место/улица „с.Волково“
53 Понуда од нотар Хакија Чоловиќ од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.191214, за КО Драчево 2, на КП бр.430, викано место/улица „Бара“
54 Понуда од нотар Башким Амети од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.94037, за КО Чаир, на КП бр.1153/2, викано место/улица „Боро Менков“, Имотен лист бр.94931, КП бр.1154/2, Имотен лист бр.94878, КП бр.1148/2 и Имотен лист бр.94946, КП бр.1159/2
55 Известување од извршител Јадранка Пајиќ Поп Кочева од Скопје, доставено под И.бр. 526/2024 за Налог за извршување врз недвижен имот запишан во Имотен лист бр.453, за КО Виничани, на КП бр.225, викано место/улица „Лаката“
56 Известување од извршител Катерина Кокина од Скопје, доставено под И.бр.1798/2025 за Заклучок за прва усна јавна продажба, која ќе се одржи на 26 март 2026 година, за недвижен имот, запишан во Имотен лист бр.3533, за КО Бутел
57 Информација за степенот на реализација на Акцискиот план по Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови во Република Северна Македонија и развој на студентскиот стандард" заклучно со четвртиот квартал на 2025 година
58 Извештај за постоечка инфраструктура за Информациски систем за канцелариско и архивско работење
59 Информација за спроведување на проектот „Е-бебе“
60 Извештај за спроведување на Акцискиот план на стратегијата за консолидација на земјоделско земјиште 2025–2035
61 Информација по дадената препорака за Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство од Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Подготвеноста на Република Северна Македонија за справување со климатски промени"
62 Информација во врска со Извештајот за книговодствена вредност на работите на аеродромите Меѓународен Аеродром Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид заклучно со декември 2025 година на ТАВ Македонија
63 Извештај со финансиски показатели за реализирани буџетски средства предвидени со Годишната програма за изработка на урбанистички планови за 2025 година во Република Северна Македонија
64 Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија
65 Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас Номагас Скопје во државна сопственост
66 Конечни извештаи за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија (сметка на основен буџет (637), сметка на основен буџет (631), сметка на буџет од самофинансирачки активности (787) и наменска сметка (789))
67 Извештај за реализација на одобрените средства како парична помош од Општина Новаци во 2025 година
68 Информација за преземени мерки во врска со постапување по забелешки на ревизорски извештај за Годишна сметка за 2024 година на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - ц.о. Скопје
69 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ Кичево, за четврт квартал на 2025 година
70 Тримесечен извештај за работењето на Јавно претпријатие за водостопанство „Лисиче“-Велес, за периодот октомври - декември 2025 година
71 Извештај за работата на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, за периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година
72 Тримесечен извештај за финансиско работење на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "ЈАСЕН" - Скопје за четврти квартал 2025 година
73 Акциски план со конкретни мерки, активности и рокови за спроведување на забелешките од Извештајот на независниот ревизор за 2024 година на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје
74 Финансиски извештај на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, за период од 1 јули 2025 година до 30 септември 2025 година
75 Кадровски прашања
- Предлог кадровски прашања (24.3.2026)
76 Прашања и предлози
- Барање Министерство за култура и туризам за изменување на заклучокот од 48-та седница на Владата, одржана на 4.2.2025 година
- Информација за состојбите во работењето и правниот статус на директорот (Владин агент) на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права
77 Информација за склучување на Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје'’
78 Информација за формирање на Надзорен одбор кој ќе раководи со спроведувањето на Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво, за период ноември 2025 година- ноември 2028 година
79 Предлог за донесување на 25-та Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта
80 Предлог за донесување на 24-та Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта
81 Информација за наменска реалокација на неискористени финансиски средства од вршење на услуги во дејноста на образованието и науката
82 Информација за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“
83 Информација за можноста за воспоставување на взаемност за поврат на данок на додадена вредност со земји кои што имаат Закон за додадена вредност
84 Предлог - програма за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2026 година (Programi për ndërtimin, pajisjen dhe mirëmbajtjen e objekteve për mbrojtjen sociale dhe shtëpive për të moshuarit për vitin 2026)
85 Предлог-програма за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2026 година
86 Информација за Годишна програма за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и на Црвениот крст на Република Северна Македонија од приходите од игри на среќа и од забавните игри со Предлог Одлука за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри за 2026 година
87 Информација за утврдување на листа на органи на државната управа за склучување на колективен договор, утврдување на текстот на колективниот договор и овластување за негово потпишување
88 Извештај за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Катар за ослободување од визи на носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, со усогласен текст на Спогодба

 

Мени за пристапност