Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

160-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 31/03/2026 12:00

Точка Наслов
1 Годишен извештај за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2025 година
2 Предлог-Одлука за престанување на важењето на Одлуката за давање согласност на Одлуката за отстапување на одземен предмет со правосилна пресуда на Општина Ресен.
3 Предлог - одлука за престанок и за давање на времено користење на движнa ствар на Центарот за управување со кризи
4 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности КПбр 4525 KO Чаир ул. Џон Кенеди бр.16, Убр.36/22
5 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности КП.бр. 12059 КО Koчани место викано Т-Арсов Дпбр.03-1225/1
6 Информација за одржување на Годишно собрание на акционери на Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, за 2024 година, со Годишна сметка и Финансиски извештај за работењето на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, со Извештај од независниот ревизор за 2024 година, Годишен извештај за работата, Консолидирана Годишна сметка и Консолидирани финансиски извештаи и со предлог-одлуки
7 Информација во врска со акционерски капитал на ТКП во Recreatours AD Belgrad
8 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони
9 Информацијата во врска со поднесени барања за издавање на овластување за изградба на нов енергетски објект за производство на електрична енергија од Друштвото за производство, промет, трговија и услуги ГРАНДСОЛАР увоз-извоз ДОО Скопје, Друштвото за производство, трговија и услуги АЛБА ЕНЕРГИ ГРУП ДООЕЛ – Скопје, и Друштво за производство, трговија и услуги ХЕК СОЛАР МК ДОО НЕГРЕВО ПЕХЧЕВО, со предлог-одлуки
10 Информација за Анализа за намалување на енергетската сиромаштија во Република Северна Македонија
11 Интегриран национален план за енергија и клима за периодот 2025-2030, со Предлог-одлука
12 Предлог–одлука за давање согласност за пренос на удели во Друштвото за производство, трговија и услуги СЕНД ЕНД СТОУН ДОО увоз-извоз Кавадарци
13 Предлог-одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – дијабаз на Друштвото за производство, трговија, транспорт и услуги ДИЈАБАЗ КАРАМАТА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на локалитетот ,,Вирови” с.Подлес, општина Градско и општина Чашка
14 Предлог–одлука за продолжување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – градежен технички камен варовник на гипс и гипсени префабрикати „Кнауф - Радика“ АД Дебар на локалитетот „Клакој“, oпштина Дебар и oпштина Центар Жупа
15 Предлог–одлука за проширување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – глина на локалитетот „Ѓупски Рид“ општина Ресен, на Акционерското Друштво ОРАНЖЕРИИ с.Хамзали Босилово
16 Информација во врска со барањето за продолжување на периодот на важност на концесијата за експлоатација на минерална суровина - мермер на локалитетот „Вепрчани-1“ с.Вепрчани, општина Прилеп на Друштвото за производство, трговија и услуги БАЛКАН МАРБЛЕ ИНДУСТРИЕС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со Предлог - одлука
17 Предлог на Закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Европската инвестициска банка во однос на основањето на претставништвото на Европската инвестициска банка во Северна Македонија
18 Предлог на Закон за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција
19 Предлог на Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на образованието
20 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметот Тодоровски против Северна Македонија А.бр. 55482/22
21 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметот Андреева против Северна Македонија А.бр.30276/23
22 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметот Атанасовски против Северна Македонија А.бр.30078/21
23 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметот Велкова против Северна Македонија А.бр. 34492/21
24 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметот Влашки против Северна Македонија А.бр.12324/21
25 Информација во однос на постапката за утврдување на распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа
26 Информација за изменување на решението за формирање на Советот за реформа на јавната администрација
27 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот јули-септември 2025 година
28 Предлог за поведување постапка за водење преговори за склучување на Нацрт договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за соработка во борбата против криминалот
29 Предлог одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО активноста „Forward Land Forces - FLF“ во Република Латвија( јуни 2026 до декември 2026 и од декември 2026)
30 Предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (ротација мај до ноември 2026 година)
31 Предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово (ротација мај до ноември 2026 година)
32 Предлог на закон за изменување на Законот за енергетика, по скратена постапка (поднесен од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев)
33 Барање за давање автентично толкување на член 5 ставови 2 и 3 од Законот за данок на личен доход (Службен весник на Република Македонија бр.241/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.84/2019, 275/2019, 290/2020, 85/2021 и 274/2022), поднесено од пратеникот Димитар Апасиев
34 Барање за давање на автентично толкување на член 5 ставови 2 и 3 од Закон за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија" број 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), поднесено од пратеникот Оливер Спасовски
35 Иницијатива поднесена од Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.32/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 124 ставовите 8, 11 и 12 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/2025 и 269/2025)
36 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.193/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 42 став 10 во делот „да се преиначи одлуката на Комисијата“ и „министерот за правда е должен да донесе мериторна одлука“ од Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 154/2023)
37 Иницијатива поднесена од Јаше Ибишов, Јовица Димковски и Анита Зец од Куманово, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.180/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 21, член 96 и член 98 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.144/2025)
38 Иницијатива поднесена од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура - СОНК, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.174/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 71 став 1 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.144/2025)
39 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.204/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 20 став 2 од Законот за адвокатура („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2023)
40 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.201/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 26 став 1 алинеја 6 од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019 и бр.194/2024)
41 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.189/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 12 став 1 алинеја 9 од Законот за адвокатура („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2023)
42 Иницијатива поднесена од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.200/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 71 од Законот за административните службеници („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.144/2025 и 252/2025).
43 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.8/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 20 став 3 во делот „судска, арбитражна“ од Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.294/2021)
44 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.168/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 8 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2007 и 152/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.171/2022 и 72/2025)
45 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под УЗ.бр.1/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста Одлуката на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје бр.02-428/4 од 25 декември 2025 година, за поништување на јавниот оглас за прием во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.19/2023
46 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.195/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 21 став 2 од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.101/2019 и 194/2024)
47 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.198/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 10 став 3 алинеја 1 во делот „раководен", член 10 став 3 алинеја 3 во делот „инспектор", член 10 став 3 алинеја 3 во делот „државен инспекторат", член 10 став 3 алинеја 3 во делот „инспекциска служба" и член 10 став 9 во делот „Член на" од Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.144/2025 и 252/2025).
48 Иницијатива поднесена од Сојузот на синдикатите на Македонија од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.199/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 и член 16 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.144/2025)
49 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.185/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 104 во делот „а ќе започне да се применува од 1 јануари 2027 година" од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.144/2025).
50 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.11/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 17 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија" бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.14/2020 и 154/2023).
51 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.1/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 31 став 4 од Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.294/2021 ).
52 Иницијатива поднесена од Мехди Мустафа од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.7/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38 и 47 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.160/2025)
53 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.2/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 9 став 1 алинеја 5 и 6 и член 12 став 1 во делот „работи најмногу 12 часа на ден, односно најмногу 48 часа неделно" од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2025)
54 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.3/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 24 став 12 од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Македонија" бр. 104/2025)
55 Понуда од нотар Патриша Трајковска од Тетово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.100112, за КО Тетово 1, на КП бр.749/1, викано место/улица „Благоја Тоска“
56 Понуда од нотар Иво Серафимоски од Тетово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.7694, за КО Тетово 3, на КП бр.13325, викано место/улица „Град“
57 Известување од извршител Премтим Ќерими од Куманово, доставено под И.бр.593/2016 за Заклучок за прва усна јавна продажба, која ќе се одржи на 2 април 2026 година, за недвижен имот, запишан во Имотен лист бр.16789, за КО Куманово, на КП бр.20543 и КП бр.20544, викано место/улица А.Мицески-Дуцо
58 Информација за продажбата на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал, во периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2025 година
59 Конечни извештаи за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Министерство за одбрана (сметка на основен буџет (637), сметка на основен буџет (631), сметка на буџет на самофинансирачки активности (787-15) и сметка на буџет на самофинансирачки активности (787-20)
60 Финален извештај за несреќа во воздухопловството ACCID 006/2025 (губење на контрола на параглајдер во фаза на полетување на место викано Мечкин Камен во близина на Крушево која се случи на ден 13.08.2025 водина во 12:02 LT) - Предлагач: Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти
61 Кадровски прашања
- Предлог кадровски прашања (31.3.2026)
62 Прашања и предлози
- Укажување од Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија во врска со задолжението од Точка 1 од Сто педесет и петтата (тематска) седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 10 март 2026 година
- Барање по повод одбележување на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите
- Предлог- заклучок од Министерството за животна средина и просторно планирање
63 Информација во врска со Предлог Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште помеѓу Друштвото за инвестиции НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП АД и Друштвото за трговија и услуги АИМ СТОРАГЕ ДООЕЛ Скопје и Предлог-oдлука за давање на согласност на Договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Тетово Informacioni lidhur me Propozim Marrëveshjen për qiradhënie afatgjatë të truallit ndërtimor midis Shoqërisë për investime NORMAK INVESTMENT GROUP SHA si qiradhënës në ZZHTI Tetovë dhe Shoqërisë për tregti dhe shërbime AIM STORAGE SHPKNJP Shkup dhe Propozim Vendimi për dhënien e pëlqimit për Marrëveshjen për qiradhënie afatgjatë të truallit ndërtimor në ZZHTI Tetovë
64 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопствeност - Скопје
65 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост - Скопје
66 Информација за преземање на административни службеници вработени во Министерство за односи меѓу заедници
67 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 12.03.2026 до 18.03.2026 година
68 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 12.03.2026 до 18.03.2026 година
69 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 19.03.2026 до 25.03.2026 година
70 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 19.03.2026 до 25.03.2026 година
71 Предлог-уредба за изменување на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон
72 Информација во врска со Повик за вонредна седница на Собранието на акционери на RECREATORS A.D. BEOGRAD под број 18 од 06.03.2026 година и Одлука за дополнување на Дневниот ред на вонредната седница на Собранието на акционери на друштвото RECREATORS A.D. BEOGRAD под број 25 од 16.03.2026 година
73 Предлог-одлука за пренос на концесија за експлоатација на минералната суровина – термоминерална вода на локалитетот ,,Виничка Вада“, општина Кочани од Друштвото за производство, трговија и услуги ОРАНЖЕРИИ-ДОБРА ДООЕЛ увоз-извоз Кочани на Друштвото за производство, трговија и услуги ДЕМИ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
74 Предлог-одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2026/2027 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија
75 Предлог на закон за парничната постапка (*)
76 Информација за одржан 20-ти состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, на 23 јануари 2025 година

 

Мени за пристапност